1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шри Ланка е пред војна

Заврши прекинот на огнот што пред 6 години го договорија владата и тамилските бунтовници. Изутринава прв напад – во бомбашки атентат врз училишен автобус, загинаа повеќе од 20 луѓе, а десетици се повредени.

default

Полициска контрола во Коломбо

Над 80% од населението се за војна во Шри Ланка, покажуваат анкетите: “Терористите се проблем во цел свет, и тие во нашата земја треба да бидат поразени. “

Владата е црвсто решена да го искористи ваквото расположение. Тамилските бунтовници на организацијата ЛТТЕ го прекршија примирјето илјадници пати, армијата тоа го стори неколку стотини пати. Со оваа констатација претседателот на Шри Ланка Раџапаксе го прекина примирјето склучено пред шест години и и‘ нареди на армијата – марш. Армијата офанзивно ја напаѓа ЛТТЕ на север од земјата. Во текот на изминатото лето беше освоен истокот на Шри Ланка. Победа се посакува уште годинава. Портпаролот на армијата, генерал Удаја Нанајакара, за првата германска телевизија во Коломбо, изјави: “Ако вака продолжиме, можеме да ја уништиме ЛТТЕ. Ако го задржиме притисокот од изминатата година и половина можеме да воено да ја победиме и да ја донесеме на маса за преговори за да се најде политичко решение.“

Нема конкретни чекори на меѓународната заедница

ЛТТЕ е воено ослабена, но набљудувачите не веруваат дека може да биде поразена толку бргу. Меѓународната заедница реагира со загриженост на развојот во Шри Ланка. Земјата е зависна од странска помош. Дел од земјите сега имаат намера да ја преиспитаат натамошната поддршка за Шри Ланка, како на пример Јапонија: “Она што владата го прави или не го прави е важно за нашите размислувања„, изјави специјалниот јапонски пратеник во Коломбо, Акаши. Но, конкретни чекори сеуште нема, а нема ни единствен став кај најважните меѓународни сили, меѓу кои е и ЕУ.