1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шредер пристигна во Турција

Германскиот канцелар, Герхард Шредер, смета дека Турција има добри шанси за исполнување на условите за почеток на преговори за приклучување кон ЕУ. По пристигнувањето во Анкара, вчеравечер, Шредер рече дека турскиот премиер Ердоган го поттикнал реформскиот процес во неговата земја со голема динамика. Шредер нагласи дека ветувањата кон Турција мора да бидат исполнети. "Турција мора да биде третирана фер, што значи дека човек мора да си го одржи зборот. Јас стојам на зборот", подвлече Шредер.

"Од договорот за асоцијација во 1963 година, значи пред 40 години, на Турција постојано, и од страна на сите германски влади, и' се велеше дека процесот на приближување има перспектива на приклчување во ЕУ. Очекувањата што се разбудени преку тоа, не можат и не смеат да бидат изневерени."

Предуслов за почеток на преговори е исполнување на критериумите од Копенхаген од 1993, кон кои припаѓаат демократија, правна држава, почитување на човековите права и заштита на малцинставата. "Мислам дека Турција има добри шанси за исполнување на овие критеруми", на став е германскиот канцелар.

Герхард Шредер денеска ќе се сретне со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, турскиот претседател, Ахмет Неџдет Сезер и лидерот на опозицијата Дениз Бајкал. Вечерва треба да учествува на економски форум во Истанбул. Лидерот на германската опозициона ЦДУ, Ангела Меркел, која во Турција беше на почетокот на претходната недела на таа земја и' понуди т.н. привилегирано партнерство, наместо посакуваното членство во ЕУ.Таа смета дека Турција со нејзините 70 милиони жители и нејзината економска состојба, ќе биде експлозив за финансиските можности и способноста на ЕУ за интеграција.