1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шредер е против законска квота за жени

Германската министерка за прашања на жените Кристина Шредер отфрла законски задолжителна квота за жени во германските претпријатија. На Меѓународниот ден на жената, Шредер рече дека е за флексибилни решенија.

Сојузната министерка за семејство и за прашањата на жените, младите и старите лица Кристина Шредер (ЦДУ) во дебатата во германскиот парламент околу ова прашање денеска (08.03) повтори дека е против законска квота која би ги обврзувала претпријатијата на вработување на одреден број жени.

Но, во меѓувреме, и во редовите на владејачката коалиција во Берлин се зголемува бројот на женски пратеници кои се „ЗА“ законски определена квота. Дел од нив ја имаат потпишано натпартиската „Берлинска декларација“, во која се бара во надзорните одбори и управите на претпријатијата застапени на берзата и во јавните претпријатија да има најмалку 30 проценти жени. Оваа декларација има поддршка и од голем број познати жени од политиката, здруженијата, економијата и културата, меѓу нив и од министерката за труд Урсула фон дер Лајен (ЦДУ).

Опозицијата жестоко ја критикува политиката на владата околу прашањата на жените. Повеќемина пратеници од редовите на СПД, Зелените и Партијата на левицата денеска нагласија дека владата во делот на рамноправноста ги „игнорира дури и препораките на сопствениот советник“.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Б. Георгиевски