1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шредер: Време е индустријата да делува

Германскиот канцелар Герхард Шредер упати апел до германските претпријатија по спроведените реформи на пазарот на труд и засилените инвестиции во земјата да создадат нови работни места. Во интервјуто за весникот Билд ам Зонтаг , канцеларот истакна дека со реформскиот пакет Агенда 2010 и најавените даночни олеснувања за претпријатијата се создадени најдобри претпоставки за нивно останување во земјата.

default

Со 5,2 милиони луѓе без работно место во Германија минатиот месец е забележана највисоката стапка на невработеност во повоената историја на земјата. Со владината изјава од пред две недели канцеларот Шредер најави нови мерки за намалување на таа стапка . Тој во неделното интервју порача дека сега на потег се претпријатијата кои наместо постојаните приказни за проблемите и преселбата на работните места во поефтините странски земји , треба засилено да инвестираат дома во Германија.

Здружението на работодавачите на Германија , но и опозициските демохристијански партии и Либералите го критикуваа апелот на канцеларот , но затоа синдикатите го подржаа. Генералниот секретар на Христијанско Демократската Унија Фолкер Каудер беше јасен:

„Со ова канцеларот сака само да го одврати вниманието од проблемите кои ги има во неговата влада , на пример со министерот за надворешни работи Јошка Фишер. Очигледно Шредер не е во состојба да ги спроведе во дело најавените реформи.“-смета Каудер .

Шефот на германската индустриска и трговска комора Лудвиг Георг Браун изјави пак дека префрлувањето на вината од една на друга страна нема да помогне во решавањето на кризата. Претпријатијата и натаму инвестираат во Германија и покрај тешките законски услови , и натаму тие создаваат нови работни места во земјата –истакна Браун.

Тврдењето на канцеларот дека претпријатијата мораат да покажат повеќе иницијатива го подржа политичарот на владејачката Социјадемократска Партија Лудвиг Штиглер:

„Ние ги подобривме рамките за работење на фирмите со цел зголемување на атрактивноста на Германија како економски фактор во иднината“ –тврди Штиглер.

Германските стопанственици , така барем покажуваа последните истражувања, се помалку веруваат во веродостојноста на политичките изјави. Покрај високите даноци , тие како главни причини за преселбата во странство а со тоа и на неинвестирањето вио Германија ги наведуваат високите трошоци на трудот во земјата и нефлексибилноста на пазарот на труд.