1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шредер бара: односите Европа - САД врз нова основа

Во говорот за Конференцијата за безбедносна политика во Минхен германскиот канцелар Герхард Шредер побара односите меѓу Европа и САД да бидат поставени на нови основи и да се реформира НАТО. Воздржана реакција на Доналд Рамсфелд. Пофалба за германскиот антитерористички ангажман и помирливи тонови на американскиот министер за одбрана во однос на Европа. Сојузниот претседател Хорст Келер побара богатите

Повторно пријателски насмевки: министрите за одбрана на Германија и на САД Петер Штрук и Доналд Рамсфелд

Повторно пријателски насмевки: министрите за одбрана на Германија и на САД Петер Штрук и Доналд Рамсфелд

земји поактивно да се вклучат во сузбивањето на сиромаштијата бо интерес и на сопствената безбедност. Меѓу учесниците и македонскиот министер за надворешни работи Илинка Митрева.

Воениот сојуз веќе не е примарно место на кое трансатлантските партнери ги координираат своите стратегиски претстави, се вели во говорот на Шредер на Конференцијата за безбедносна политика во Минхен, што во име на канцеларот, кој поради болест го откажа учеството, го прочита германскиот министер за одбрана Петер Штрук. Блиски трансатлантски врски и натаму се од интерес за Европа и Америка, смета Шредер. “Но при минатото да биде спроведувањето на тој принцип во практичната политика не може поврзница, како што е толку често случај во трансатлантското колнење на верност” – вели канцеларот. Реалноста на интернационалните барања се промени, а прилагодувањето се ’ уште не е изведено во доволна мера. Во последно време имаше “недоразбирања, оптоварувања, дури и затегнатост преку Атлантикот” вели Шредер, кој предложи востановување формум од независни личности, кој до 2006-та година треба да подготви идеи за нова организациона форма на трансатлантските односи. Канцеларот во говорот уште укажува и на нараснатата меѓународна соодговорност на Германија и повторно искажа аспирации за постојано место во Советот за безбедност на ОН.

Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд воздржано реагираше на иницијативата на Шредер. Тој прво сакал да го прочита текстот и да продискутира за него, пред да изгради цврсто мислење, рече Рамсфелд во настапот на Конференцијата. НАТО има енормна вредност. “Тој веројатно е највпечатливиот сојуз во историјата на човештвото” – оцени Рамсфелд. Тој, инаку, му оддаде признание на германскиот ангажман на меѓународната борба против тероризмот. Рамсфелд призна дека имаше затегнатост во американско-германските однсои во минатото, но истовремено повика на нови заеднички напори во меѓународната безбедносна политика. “Јасно е дека една земја не може сама да ги победи сите екстремисти и новите закани. Ние имаме заеднички непријател. Борбата против тероризмот мора да е меѓународен напор” – рече Рамсфелд. Министерот, кој беше еден од најострите критичари на европскиот став против војната во Ирак, употреби помирливи тонови спрема Европа и им понуди на европските држави поблиско партнерство.

Увод во работата на Конференцијата беше синоќешниот говор на германскиот сојузен претседател Хорст Келер. Тој укажа на несразмерата во соодносот меѓу трошоците за воени потреби во светот и помошта за земјите во развој. Мора сите да не замисли фактот дека воените трошоци од преку 900 милијарди американски долари се повеќе од десеткратно повисоки од издатоците за развој на земјите од ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) – рече Келер. Тој укажа дека ни Германија, како и останатите земји, не ги исполнува меѓународните цели во развојната помош. “Помеѓу аспирациите и реалноста постои јаз од речиси 100 милијарди долари годишно”, рече претседателот. Келер ги повика богатите земји на константно и долготрајно сузбивање на сиромаштијата.

“Како треба да биде можен мирен соживот на сите тие луѓе, кога веќе сега повеќе од половината на светското население мора да живее со помалку од два долара дневно, значи во сиромаштија? Кризата не само што е програмирана, таа е веќе тука. Јас не верувам дека сузбивањето на таа криза може да се состои само во тоа, пред се’ да се ограничат последиците во областа на безбедноста. Без сузбивање на сиромаштијата во светот, за нас долгорочно ќе нема безбедност, а ни политичка стабилност” – рече Келер. Тоа, според него, е и “најдлабоко морална задача”. “На долг рок тоа ќе биде поевтино, отколку Европа да се изгради во една тврдина” – констатира германскиот претседател. Во однос на реформата на ОН, Келер побара во средиштето да бидат ставени превенцијата на конфликти и кризниот менаџмент.

На Конференцијата денеска на генералниот секртар на ОН Кофи Анан ќе му биде доделена нејзината прва Мировна плакета. Во Минхен е и македонскиот министер за надворешни работи Илинка Митрева, која ќе зборува за поврзаноста на економскиот развој со безбедноста од балкански аспект.

Синоќа, на првите демонстрации на противниците на Конференцијата за безбедносна политика, беа притворени 4 лица. Денешниот почеток на работата на Конференцијата помина мирно.