1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шредер апелира до Г8 за намалување на цените на бензинот

Со оглед на драстичното зголемување на цените на нафтата по дивеењето на ураганот Катрина во САД, германскиот канцелар Герхард Шредер побара од лидерите на земјите членки на Групата водечки индустриски нации + Русија Г8 да преземат мерки за растоварување на граѓаните.

default

Цените на бензинот мораат повторно да се вратат на ниво што и‘ одговара на реалноста. Голем дел од најновите покачувања на цената на црното злато на светските пазари базира црз чиста шпекулација – нагласи Герхард Шредер на еден конгрес во Берлин.

„Јас се надевам дека во меѓувреме расте свеста дека за овој чисто шпекулативен дел од цената на бензинот едноставно нема место и дека затоа мојата иницијатива ќе наиде на поддршка.„

Шредер потести дека сличен предлог веќе поднел на претходниот самит на Групата Г8, но дека тогаш тој не наишол на прифаќање кај САД и Велика Британија. Сега тој се надева дека и кај лидерите на овие две земји неговиот предлог за намалување на цените ќе наиде на поголемо разбирање. „Само еден долар помалку по барел сирова нафта ја намалува германската сметка за бензин и земен гас за цела една милијарда евра годишно„ – појасни канцеларот Шредер.