1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Шпионската афера ја зафати и Британската амбасада во Берлин

Британскиот амбасадот во Берлин денеска беше повикан нa разговор во Министерството за надворешни работи на Германија. Оттаму му било укажано дека прислушувањето било спротивно на меѓународното право.

Поради информации во весник дека постои можност да била инсталирана постројка за прислушување во Британската амбасада во Берлин во германското МНР на разговор беше повикан британскиот амбасадор во Германија Симон Мекдоналд.

Портпарол на Министерството денеска во Берлин соопшти дека по барање на министерот Гидо Вестервеле амбасадорот бил повикан на разговор. Раководителот на одделот за Европа му укажал на амбасадорот Мекдоналд дека „прислушување на комуникацијата од просториите на една дипломатска мисија било делување спротивно на меѓународното право“, соопшти портпарол на министерството. Други детали за разговорот засега не се познати. Портпарол на британската амбасада во Берлин потврди дека средбата се одржала, но исто така не наведе детали од неа.

Денеска британскиот весник „Индипендент“ објави дека постоело можност Велика Британија да имала „сопствена станица за прислушување“ во владиниот кварт во Берлин. Весникот притоа се повикува на документи за шпионските активности на американската тајна служба НСА, објавени минатите месеци „комбинирано со воздушни снимки и сознанија за поранешни шпионски активности во Германија“.

Според весникот на покривот на амбасадата би можело да била употребена „високотехнолошка опрема“. Според податоците, еден цилидер инсталиран во амбасадата изгледал „фрапантно слично“ со други уреди на британската тајна служба. Исто така на покривот на Американската амбасада, која се наоѓа во близина, спроед медиумите, била инсталирана слична постројка, која според информациите на „Индепендент“ очигледно била исклучена измината недела. Портпарол на Британската влада одби да заземе став по пишувањата во везникот.

Шпионските активности, кои ги откри поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден, веќе со месеци предизвикуваат големи негодувања. Германската канцеларка Ангела Меркел лично се пожали кај претседателот на САД Барак Обама, бидејќи постои сомневање дека нејзиниот телефон со години бил прислушуван.