1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шпионираат ли Германците во Вашингтон?

Претставници на американските тајни служби ги обвинија своите германски колеги дека шпионираат во САД. Германските политичари и експерти оценуваат дека таквото тврдење не е точно и тоа од повеќе причини.

Координаторот на американските тајни служби Џејмс Клапер презеде офанзива и за време на сослушувањето во Конгресот околу шпионирањето на пријателски држави рече дека не шпионираат само Американците. Тој е убеден дека и сојузниците ги шпионираат САД. Според извештај на „Вашингтон пост“, различни припадници на американската администрација ја обвиниле германската тајна служба БНД дека шпионирала во Америка. Според овие тврдења, БНД во 2008 година прислушувала околу 300 американски граѓани.

БНД веднаш демантираше. „Од германската амбасада во Вашингтон не е

Sicherheitsexperte Gerhard Schindler zukünftiger Chef des BND

Герхард Шиндлер

спроведено никакво прислушување на сателитски, радио или телефонски врски“, изјави шефот на БНД Герхард Шиндлер во интервју за неделникот „Цајт“.

На работите така гледа и пиблуцистот и експерт за тајни служби Ерих Шмит-Енбом. Обвинувањата од страна на Вашингтон не се точни, објаснува тој во разговор за Дојче веле. „БНД налозите ги добива од кабинетот на канцеларот. Таму има политичка контрола на работите кои треба да се извршат и таму се утврдуваат основните задачи“. Шпионирање на американската влада не е дел од овие основни задачи. Тие се концентрираат на сосема други сфери: „Тоа во прва линија е борбата против меѓународниот тероризам, потоа набљудување на кризните подрачја, значи во моментов - Сирија, како и воено обезбедување на операциите на Бундесверот, на пример во Авганистан. Дел од тоа е и борбата против организираниот криминал“, вели Шмит-Енбом. БНД ја анализира и политиката на сојузниците, но притоа се потпира врз материјал од дипломатски извори и канали, како и информации на партнерски служби во странство. „Да се мисли дека БНД би ги зела во визир европските или трансатлантските сојузници на СР Германија е погрешно.“

Шпионажа со дозвола на државата

И пратеникот од редовите на Зелените, Кристијан Штребеле, кој е член на парламентарната Комисија за надгледување на работата на тајните служби, има слично мислење. Обвинувањата дека БНД истражува и собира податоци во странство се точни, но тоа е и законската задача на службата, објаснува

Hans-Christian Ströbele Parlamentarisches Kontrollgremium

Ханс-Кристијан Штребеле

Штребеле за Дојче веле. Но притоа секакво набљудување во друго региони во светот мора да добие дозвола од контролната Комисија за надгледување на работата на тајните служби. Речиси незамисливо е дека би биле дозволени шпионски активности насочени против САД. Зашто, суштинската разлика меѓу НСА и БНД не се големината и капацитетите. „Разликата е пред сѐ во тоа дека БНД досега се држи до тоа дека пријатели не се шпионираат, барем ние добиваме секогаш такви уверувања.“

Дипломатија наместо шпионажа

Се разбира дека во други делови на светот тајните служби на Германија се активни, објаснува Шмит-Енбом. „Германија има, се разбира, на пример интерес да открие што навистина се случува со владата на Карзаи. Вакви интереси имаме во одредени сектори ширум светот.“

Erich Schmidt-Eenboom

Ерих Шмит-Енбом

Тоа, меѓутоа, не значи дека Германија нема интерес за сознанијата на тајните служби на САД, вели Штребеле. Информации за позициите и стратегиите на партнери во преговори можат да бидат од големо значење за стратешки подготовки. „Колку и Германија да се однесува пријателски со САД, двете држави, на пример, при преговори околу трговски договори како СВИФТ-договорот, имаат различни интереси. Тука е секогаш добро да се знае што ’готви’ другата страна“, нагласува Штребеле. Сепак, според него, БНД не собира вакви податоци активно.

Затоа пак, германската тајна служба е особено ангажирана во делот на безбедносните стратегии, подвлекува Штребеле. Тоа во моментов важи пред се‘ за Авганистан, каде Бундесверот сѐ уште е во мисија. Бундесверот, исто како и германските дипломати, имаат огромен интерес за информации до кои може да стигне тајната служба.