1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Шпигел: Се зголемува бројот на баратели на азил

Бројот на баратели на азил во Германија, во септември се зголемил значително, се вели во извештај на магазинот „Шпигел“. Во септември 2013 година биле поднесени 9.502 барања за азил во Германија.

Според најновото издание на „Шпигел“, кое во продажба ќе се најде од утре (07.10.), бројот на баратели на азил во септември се зголемил за 20% во однос на претходниот месец, а во споредба со септември минатата година се бележи зголемување од дури 71,3 проценти.

Најголемиот број на баратели на азил минатиот месец дошле од Србија, што беше случај и во август 2013-та. Барателите на азил од Македонија, според бројот, во септември се на трето место, а од Косово на деветто. Сепак, вкупно земено, од почетокот на годинава досега, најголем број баратели на азил дошле од Руската Федерација, односно 13.492. Најголемиот дел од нив се луѓе од Чеченија, кои преку Полска влегуваат во ЕУ, а потоа продолжуваат за Германија. Од барателите на азил од Руската Федерација околу една десетина добиваат и статус на азиланти, додека од луѓето што доаѓаат од Балканот - статус на азилант не добива речиси никој.

Вкупно, во првите 9 месеци од 2013 година, во Германија барање за азил поднесле 74.194 луѓе, што дава основа да се претпостави дека годинава првпат по цели 16 години бројот на барања за азил може да изнесува над 100.000.