1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Шпекулации околу смртта на Ејми Вајнхаус

Проблематичната британска пејачка Ејми Вајнхаус вчера беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Вајнхаус имаше проблеми со дрогата и алкохолот, кој во голем дел ја засенија нејзината музичка кариера.

default

Иако постојат сомневања дека пејачката загинала од предозирање, полициски извори сепак велат дека е несоодветно да се шпекулира околу причините за нејзината смрт, кои досега се опишуваат како „непознати.“

Портпаролот на Вајнхаус истакна дека сите што ја познавале се во голем шок и неверување. Нејзината издавачка куќа „Универзал“ исто така издаде соопштение, во кое се вели дека длабоко жалат поради „ненадејната загуба на толку талентирана пејачка.“

Продуцентот Марк Ронсон, кој соработуваше со Вајнхаус на поголемиот дел од нејзините хитови, истакна: „Таа беше мојот музички близнак, ми беше како сестра. Ова е еден од најтажните денови во мојот живот.“

Amy Winehouse Auftritt FLASH-Galerie

Со своите два албуми, Вајнхаус изврши големо влијание врз музичката сцена

Во редот на славните

Со смртта на 27 години, Ејми Вајнхаус му се придружи на славниот, но несреќен „Клуб 27.“ Имено, тоа е возраста на која животот го загубија неколку други славни музичари, меѓу кои основачот на бендот Ролинг Стоунс, Брајан Џонс, гитаристот Џими Хендрикс, пејачката Џенис Џоплин, пејачот на групата Дорс, Џим Морисон, како и фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн.

Ејми Вајнхаус го издаде првиот албум „Frank“ во 2003 година, но вистинскиот пробив го постигна со втората плоча „Back To Black" во 2007 година, со кој постигна светска слава. Меѓу другото, освои и пет Греми-награди за албумот и хит-синглот „Rehab", кој во голема мера беше автобиографски.

Пејачката во јуни закажа европска кам-бек турнеја, во која требаше да посети дванаесет европски градови. Серијата концерти беше прекината по првиот настап во Белград на 18. јуни, кога српската публика ја исвирка Вајнхаус, откако сфати дека е премногу пијана за да го издржи деведесетминутниот концерт. За жал, тоа беше еден од нејзините последни јавни настапи пред поголема публика.

Автор: ТТ/ЖА/афп

Редактор: Жана Ацеска