1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шпекулациите со цените на храната носат глад

Владите на 50 држави сакаат поенергично да се спротистават на шпекулациите со цените на прехранбените производи на светскиот пазар. Министрите за земјоделство во Берлин побараа поголемо и поздраво производство на храна.

default

Министрите за земјоделство од 50 земји во Берлин

На конференцијата, која се одржа на маргините на Меѓународниот саем на земјоделството „Зелена недела“, кој е во тек во Берлин, министрите за земјоделство од 50 земји преку заедничко соопштение се изјаснија за поголема стабилност на цените на основните животни продукти. Тие побараа од Г 20, групата најважни индустриски и земји во засилен економски развој, да се зафати со оваа тема. Скоковите на цените на прехранбените производи се проблем за земјоделците и потрошувачите во светски рамки.

Lebensmittel / Berlin / Demonstration

Демонстрации во Берлин поради скандалите со храна

Германската министерка за земјоделство и заштита на потрошувачите, Илзе Аигнер, предупреди од револтот на гладните во сиромашните земји, со оглед на постојаниот раст на светското население. Протестите во Тунис и Алжир, потсети Аигнер, корените ги имаат и во високите цени на животните продукти.

Ралф Зидхоф од Светската програма за храна на ОН, ВФП, смета дека вистинската причина за растечките цени на пченицата во светот не се уништувањето на жетвата преку природните катастрофи, како пожарите во Русија или поплавите во Австралија. Тој смета дека трговците со своите шпекулации предизвикуваат високи цени: „Во силосите ние всушност би имале доволно пченица. Нема никаква причина нејзината цена да се зголемува. Но, трговците имаат интерес да ја чуваат пченицата во залиха и да чекаат да расте нејзината цена. Тоа предизвикува поскапувања на сметка на сиромашните,“ истакнува Зидхоф.

Deutschland Bundeslandwirtschaftsministerin Aigner zu Dioxin-Skandal

Илзе Аигнер

На конференцијата во Берлин учествуваше и македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

За време на конференцијата во Берлин илјадници луѓе протестираа за радикален пресврт во аграрната политика. Под мотото „Веќе сме сити“, демонстрантите бараа фер производство на здрави производи без ген-техника, еколошко земјоделство во Европа и во целиот свет. Организаторите тврдат дека на демонстрациите имало 22 илјади учесници, додека набљудувачите велат дека биле десетина илјади.

Автор: ЖА/ АТ/ дв/ дпа/ афп

Редактор: Александра Трајковска