1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шпанците соочени со иселување од домовите

Стотици луѓе демонстрираа во Мадрид откако една жена, која се соочувала со иселување од домот на северот од Шпанија, се самоуби. „Предаторските хипотеки“ се причина за второто вакво самоубиство за неколку недели.

Демонстрантите исто така излегоа и на улиците во Баракалдо, град во Баскија, во кој полицијата рече дека 53-годишната жена извршила самоубиство „непосредно пред извршителите да ја исфрлат од нејзиниот дом“.

„Виновни!“ и „Засрамете се!“ извикуваа демонстрантите во Мадрид, обвинувајќи ги банките, како од државата спасената Банкија, за продолжување со исфрлување на сопствениците на домовите од нивните живеалишта, а кои се погодени од невработеноста и кризата во еврозоната. Самоубиството на жената дојде само петнаесет дена по она на Хозе Луис Доминго, кој се обеси во домот во Гранада, кратко пред во него да дојдат извршители.

Повеќенеделен протест

Од 22-ри октомври бројни сопственици на апартмани со душеци и вреќи за спиење протестираат во главниот град пред Каха Мадрид, голем хипотекарски кредитор во земјата, кој сега е дел од групацијата Банкија. Тие бараат да бидат поштедени од иселување, а нивните долгови да бидат реструктуирани. Тие вчера закачија непосредно до банката транспарент на кој пишува „Кредитна измама“ и одржаа минута молчење во чест на починатата жена.

Пред банката има и минијатурен ковчег со скелет, а на него стои текст „Жртва на кризата“. Преку постер се повикува и на крај на „диктатурата на банките“.

Spanien Ministerpräsident Mariano Rajoy in Madrid Pressekonferenz

Премиерот Рахој вети итни мерки за запирање на иселувањата од домовите

Трендот на присилно иселување зголемен за петпати

Минатиот месец беше објавен извештај дека трендот на присилно иселување од домовите во Шпанија е зголемен за петпати оваа година, а во периодот од 2008-ма до 2011-та изнесува 350.000. 200.000 други се соочуваат со истата судбина. Должниците зе жалат на „екстремно агресивни судски процедури против должниците“ и дека тие се наоѓаат „беспомошни во кризата што тие не ја предизвикале“.

Владата соочена со ваквиот тренд објави дека во понеделник (12.11) ќе и предложи на опозициската Социјалистичка партија да се согласи за итна акција за запирање на иселувањата и за заштита на најранливите жители. Премиерот Маријано Рахој рече дека се надева оти разговорите ќе вклучат одлука за „привремено запирање на исфрлањата кои ги погодуваат најранливите фамилии“.

Банкија не преговара со групи на демонстранти, туку разговара само со индивидуални клиенти, изјавија од банката за агенцијата ДПА. Таа веќе ги олеснила условите за заем за повеќе од 80.000 должници, информираше истиот извор. Четвртата најголема економија во еврозоната – Шпанија, е во рецесија од минатата година и има невработеност поголема од 25 проценти.