1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шпанците на штрајк против владините мерки

Синдикатите во Шпанија за денеска повикаа на 24 часовен штрајк. Целта на штрајкот е да се изврши притисок врз владата да ги повлече реформите на пазарот за работна сила.

default

Поради драстичниот курс на штедење на новата шпанската влада и од протест против последните реформи на пазарот за работна сила, најголемите синдикати во Шпанија за денеска повикаа на генерален штрајк.

Никогаш немало повеќе причини за генерален штрајк, појаснија генералните секретари на синдикалните здруженија, Игнасио Фернандез Токсо и Кандидо Мендез. Незадоволството е насочено кон измените на одредбите за заштита од отпуштање од работа, кратења на отпремнините како и правото на претпријатијата еднострано да ги намалуваат платите. Ова се „најдлабоките кратења на правата на работниците по враќањето на Шпанија кон демократијата“, нагласија двајцата секретари на синдикатите.

Меѓутоа раководство во Мадрид воопшто не размислува за таква опција. Протестот се оддржува сто дена откако владата на премиерот Маријано Рахој ја презема власта.

Секој четврти Шпанец е невработен

За воздушниот сообраќај Министерството за сообраќај се спогоди со синдикатите на определени минимални услуги. За време на штрајкот треба да бидат реализирани минимум 1.240 летови од планираните околу 4.500. Во железничкиот и автобускиот сообраќај треба да се реализира една третина од нормалниот сообраќај.

Prognose: Konservative erringen absolute Mehrheit in Spanien

Шпанскиот премиер Мариано Рахој

Конзервативната влада на премиерот Маријано Рахој нагласи дека и покрај генералниот штрајк нема да спроведе никакви промени во новата регулатива. Владата во Мaдрид се надева дека реформите ќе доведат до заживување на пазарот на работна сила и поголема подготвеност кај работодавците да вработуваат нови соработници.

Речиси секој четврти Шпанец е невработен. Стапката на невработеност во Шпанија е околу 23 проценти, додека кај младите под 25 години таа стапка е дури 48,6 проценти.

Шпанија се смета за една од најзагрозените земји во европската должничка криза. Владата се обидува со новите најави за штедење да ја сопре надолната спирала.