1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шпанците гневни на младите католици

Папата Бенедикт Шеснаесетти денеска патува во Мадрид, каде четири дена се одржува Светскиот ден на католичката младина. Меѓутоа, на маргините на овој собир во главниот шпански град синоќа се одржаа протести.

default

Демонстрантите се против трошењето на пари од даночните обврзнции за овој собир на црквата. Тие бараат и целосна поделба на црквата од државата. Црквата од своја страна негира дека Шпанија го финансира собирот на католичката младина.

Атмосферата во Мадрид синоќа беше затегната. Турканици и судири меѓу учесниците на Светскиот собир на католичката младина и анти-црковните демонстранти, кои до доцна во ноќта протестираат низ улиците на градот.

Плоштадот Пуерта дел Сол беше полн со луѓе од двата табора. Група демонстранти во центарот на Мадрид, постојано извикуваа „Вашиот папа е нацист.“

Таквите пароли им пречат на многуте Германци, учесници на собирот. Корина од Вирцбург со своите пријатели и големо сино-бело баварсако знаме ги следи настаните:

„Ова е голема демонстранција на која воопшто не` сметавме. Има толку голема критика за она што го правиме тука, а всушност е убава заедничка акција и е лудо што вака ескалира.“

Младите католици не дозволуваат да бидат заплашени. Десетици илјади се на улиците, далеку побројни од демонстрантите. Тие тврдат дека за манифестацијата не е потрошен ниту цент од државните пари:

„Се’ плаќаме ние католиците. Мора да знаете дека овде плаќаме за работните места. Ние сме тие кои на многумина од нив им го обезбедуваме парчето леб. Да живее папата!“

Flash-Galerie Spanien Ausschreitungen Papst Benedikt XVI

Шпанската полиција има полни раце работа

Поголема поделба меѓу црквата и државата

Според транспарентите, демонстрантите имаат јасна цел. Во прва линија станува збор за парите, кои државата Шпанија ги плаќа за манифестацијата. Се зборува за сто милиони евра. Црквата меѓутоа проценува дека собирот чини околу педесет милиони евра, трошоци кои биле покриени преку донации и сопствени пари. Аргумент, кој не ги убедува демонстрантите.

„Овде сум оти сметам дека е неправдано Шпанија да мора да плаќа за тоа сите овие луѓе да дојдат овде. Тогаш истото треба да се направи и за исламиситите и за будистите и за сите религии. Мислам дека е неправедно што сите религии сметаат дека мораме да плаќаме за нив. Токму затоа сум овде.“

Таканаречените „индигнадос“, односно гневните, кои постојано протестираат против системот во Шпанија, не беа присутни на протестите. Демонстрациите се сосема јасно насочени против црквата, а не против политичкиот систем во Шпанија. Демонстрациите за поголема поделба меѓу црквата и државата завршија доцна синоќа со седуммина повредени и судири меѓу полицијата и некои од демонстрантите.

Силите за безбендост на крајот целосно го расчистија Пуерта дел Сол. Кога ќе дојде папапта, на централниот плоштат до Мадрид не треба да има никакви проблеми.

Автор: Дане Зулцман/Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM