1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шпанците гласаа “за” новиот Устав на ЕУ

Шпанците гласаа на референдумот , кој го имаше епитетот историски. Граѓаните на Шпанија, беа први меѓу Европејците кои гласаа и со големо мнозинство го прифатија новиот Устав на ЕУ.

default

Според официјлните резултати , близу 77 насто од граѓаните на Шпанија кои излегоа на референдумот го подржаа првиот устав на ЕУ. Околу 17 насто гласаа против .

Националниот центар за статиститика соопшти дека од 34,5 милиони Шпанци со право на глас , 11 милиони го подржале европскиот Устав.

И оние кои гласаа за и оние кои гласаа против имаа свои причини д го сторат тоа . Некои открија дел од нив:

”Гласав за. Причината е главно во тоа дека сметм дека е добро за Шпанија да биде во Европската Унија”-

“Јас гласав не , бидејќи не се согласувам со тоа како беше организиран референдумот”

Официјалните резултати од референдумот велт дека на гласање излегле 42 насто од граѓаните со право на глас.

Во Шпанија за успех на референдумот не е потребно на изборните места да излезе половина од избирачкото тело . Според шпанскиот устав , во случај излезените избирачи во мнозинство да го подржат европскиот устав , каков што беше случајот вчера , националниот парламент е последниот кој одлучува за неговото прифаќање. Токму поради сето ова владата на Шпанија смета дека референдумот постигнал голем успех. Министерот за внатрешни работи Хозе Антонио Алонско изјави дека на гласање излегле голем број граѓани , кои покажале дека Шпанија е европска земја. Министерот за Европа Алберто Наваро пак изрази надеж дека ваквиот пример ќе го следат и граѓаните во другите европски земји кои на референдум треба да одлучуваат за прифаќањето на новиот европски Устав:

"Знаеме дека некои од нив имаат поголеми тешкотии отколку Шпанија .Сметам дека најважниот референдум , е оној кој ќе се случува во Франција за неколку месеци , но најтежок , без сомнеж ќе биде оној во Велика Британија”-истакна Наваро.

Покрај овие три земји , уште најмалку шест држави членки на ЕУ одлучија подршката за новиот Устав на Унијата д ја добијат преку граѓанско изјаснување.