Шпанско финале во Лига Европа | Теми | DW | 27.04.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шпанско финале во Лига Европа

Она што не им појде од „нога“ на Барселона и Реал Мадрид, го остварија Атлетико и Атлетик. Екипите од Мадрид и Билбао ги елиминираа Валенсија и Спортинг во Лига Европа

Во финалето на фудбалската Лига Европа ќе играат две шпански екипи, Атлетико Мадрид и Атлетик од Билбао. Ова е исходот по реванш полуфиналните натпревари одиграни синоќа во Билбао и Валенсија.

На стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао, екипата на Атлетик успеа да ја надополни негативата од 2:1 во дуелот со португалскиот Спортинг, по првата средба одиграна во Лисабон. Со голот на Фернандо Љоренте на две минути пред крајот Атлетик го совлада Спортинг со 3:1 со што се избори за место во финалето. Претходно Сусаета во 17.минута ги донесе домаќините во водство од 1:0, Рики ван Волфсвинкел изедначи на 1:1 во 44.минута, а Ибаи во судиското надополнување од првиот дел ја врати предноста на Атлетик.

На вториот полуфинален двомеч, Атлетико Мадрид и по втор пат беше подобар од Валенсија. Откако првиот натпревар го доби со 4:2 на својот терен во Мадрид, синоќа на гостувањето во Валенсија победи Атлетико победи со 1:0. Адриан во 60.минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Завршниот натпревар од Лига Европа е закажан за 9 мај во Букурешт.