1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шпанските државни службеници на спонтани протести

Повеќе илјади луѓе се собраа во Мадрид на протести против новите мерки за штедење на владата на Маријано Рахој. За в четврток синдикатите повикаа на протести низ цела Шпанија.

Илјадници луѓе синоќа спонтано се собраа на улиците на Мадрид протестирајќи против новите планови за штедење на шпанската влада. Меѓу демонстрантите беа голем број полицајци, пожарникари во униформа, наставници и други државни службеници. „Веќе две години ни ја земаат нашата плата“, изјави еден полицаец, кој учествуваше на демонстрациите.

На спонтаните демонстрации се повика преку интернет мрежите и смс пораки. Демонстрантите се собраа пред централата на конзервативната владејачка партија на премиерот Маријано Рахој и оттаму го продолжија протестот пред парламентот.

Изминатиот петок шпанската влада усвои нов пакет мерки за штедење. Со овој пакет владата има намера да заштеди 65 милијарди евра до крајот на 2014 година. Меѓу другото предвидено е покачување на ДДВ од 18 на 21 процент, укинување на еднократниот паричен надоместок за Божиќ за државните службеници, како и кратење на помошта за невработените. Во четврток, најважните синдикати во земјата повикаа на демонстрации во цела Шпанија против мерките за штедење.