1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шпанија уверливо го одбрани европскиот трон

„Црвената фурија“ во фуриозен стил го одбрани европскиот фудбалски трон, откако во финалето ја совлада Италија со 4:0

Репрезентацијата на Шпанија со убедливи 4:0 ја порази Италија во финалето на ЕУРО 2012 и со тоа ја одбрани шампионската титула освоена пред четири години. Ова за „црвената фурија“ беше вкупно трет шампионски трофеј од 14.те досегашни ЕП со што се изедначи по бројот на освоени титули со Германија.

Шпанските фудбалери одлично го отворија синоќешното финале на „Олимпискиот Стадион“ во Киев. Го диктираа темпото уште од почетокот за во 14 минута преку Давид Силва да поведат со 1:0. Италијаните се обидоа да возвратат, имаа неколку удари кон голот на Икер Касиљас, но четири минути пред крајот на првото полувреме следуваше вториот гол за актуелниот европски и светски првак. Повторно Чави одлично проигра, овојпат со Жорди Алба кој претрча половина терен за да излезе сам пред италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон и да зголеми на 2:0.

Италијанскиот селектор Џезаре Прандели се обиде со внесување во игра на Антонио Ди Натале почетокот на второто полувреме да ја намали негативата на својот тим, а токму нововлезениот играч во 50.та минута ја имаше најголемата шанса за Италија, но не успеа од десетина метри да го совлада Касиљас.

UEFA EURO 2012 Spanien vs. Italien Tor

Силва го постигнува првиот гол за Шпанија

Прандели во 56.та минута ја направи и третата измена, но резервистот Тиаго Мота по само 5-6 минути се повреди и го напушти теренот, а Италија остана со играч помалку поради веќе извршените три дозволени измени.

Фернандо Торес во 84.та минута зголеми на 3:0, а истиот играч во 88.та минута му асистираше на Хуан Мата за конечни 4:0, за историски „хет-трик“ на Шпанците на еврошампионатите.

Шпанија е и единствената репрезентација која победила трипати по ред на големи натпреварувања, по 2008 година кога стана европски првак и 2010 светски првак.

Големото финале од ЕУРО 2012 кое изминатите дваесетина дена се одржуваше во Поска и во Украина го следеа околу 65 илјади гледачи.