1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шпанија се коцка против финансиската криза

Мадрид е еден од најубавите градови во Европа. Наскоро шпанската метропола ќе се збогати за уште една туристичка атракција. Пред портите на градот е планиран огромен казино-комплекс. Меѓутоа „Еуровегас“ има и противници.

Мадрид е полн со културно -историски споменици. Со столетија метрополата е географски, политички и културен центар на Шпанија. ЕУ во 1992 година градот го прогласи и за „Главен град на културата во Европа“.

Чест, која локалните политичари се чини ја заборавиле. Имено она што градските татковци сега го планираат со американските инвеститори, на само тринаесет километри на југозапад од Мадрид нема никаква поврзаност со традиционалното сфаќање за културата. Во предградието на Мадрид, Алкоркон се планира изградба на казино-комплекс под името „Евровегас“. Тој ќе зрачи, сјаје и ќе опива, ќе биде Мини Лас Вегас во Европа. Ова го велат иницијаторите. Но, во прва линија мегапроектот треба да стане машина за пари: за претпријатијата од преку океанот, но и за регионалната влада на Мадрид, која како и другите шпански региони бележи актуен недостиг на пари. Имено финансиската криза остави длабоки траги, пред се’ во буџетската каса.

Градоначалникот се надева на нови работни места

Sheldon Adelson, Großspender der Republikanischen Partei USA

Мултимилионерот Шелдон Аделсон

Со проектот се  планирани дванаесет хотелски комплекси со 36.000 соби. Во шестте казина треба да има најмалку 1.000 маси за рулет и 18.000 автомати за игри на среќа. Освен ова предвидени се повеќе театри и плацови за голф како и стадион со 15.000 места за седење. Трошоците се пројектираат на 17. милијарди евра. Изградбата треба да отвори 250.000 работни места, се надеваат мадридската регионална влада и инвеститорската група „Лас Вегас Сандс“, во сопственост на мултимилионерот Шелдон Аделсон.

„Зборуваме за тоа дека само првата градежна фаза ќе отовори 20.000 работни места“, изјави градоначалникот на Алкоркон Давид Перез за ДВ. Тоа го покажува енормниот стопански потенцијал на оваа инвестиција. „Во наредната фаза бројот на работни места ќе се зголеми за десетпати, кога целиот комплекс ќе започне со работа“. Меѓутоа паркот за забава, за многумина граѓани не е никакво задоволство. Уште пред првите крупиеа на масите за рулет за првпат да извикаат  „Rien ne va plus“, налутените граѓани на Мадрид и заштитниците на животната средина гласно викаат: Стоп за проектот.

Предупредување од огромен градежен гроб

Тие во меѓувреме ја започнаа иницијативата „Еуровегас Но“, се мобилизираат, демонстрираат ги информираат медиумите и лансираат интернет кампањи. По пропаднатиот балон со недвижнини, кој ја повлече Шпанија длабоко во финансиската криза, земјата не може да си дозволи уште еден „градежен гроб со фараонски размери“, вели портпролката на „Евровегас Но“ Ана Ревуелта. „Главната критика за проектот е фактот, што ние со него не се откажуваме од економскиот модел кој ни ја донесе кризата“. Таа не верува дека Шпанија ќе излезе од кризата со ваков вид на неодржливо стопанисување. „Тоа уште повеќе ќе ја продлабочи“.

Spanien Proteste gegen Bau von Eurovegas

Граѓаните протестираат против казино-проектот

Ана Ревуелта исто така се жали и на недостиг на транспарентност од страна на американските инвеститори и регионалната влада. Граѓаните не се доволно информирани за плановите. Според нивните информации само една третина од трошоците ќе бидат покриени од инвеститорите на претпримачката група „Лас Вегас Сандс“, остатокот мора да дојде од банките. Некои локални градежни и занаетчиски претпријатија засега меѓутоа сметаат на полни книги со нарачки. „Се разбира би било супер, доколку би се реализирал проектот“, вели на пример трговецот со градежен материјал Хозе Антонио. „При сета невработеност, потребни ни се работни места. Потоа конечно би се повратил животот во градежниот сектор“.

Градбата на казиното ќе трае повеќе години

Сепак до завршувањето на изградбата на „Еуровегас“ ќе поминат години. Градежните работи би требало да почнат во 2016 година, отворањето е планирано за 2022 година. Претприемачката група „Лас Вегас Сандс“ во „Евровегас“ гледа проект за престиж, шанса да го прошири својот бизнис и во Европа, по САД и Азија. Претседателот на управниот одбор Мајк Левен истакнува: „Ние ќе ги зголемиме даночните приходи и ќе отвориме работни места, ќе го поттикнеме туризмот и слично“.

Venetian Macao Resort Hotel in Macau

Наскоро и во Мадрид?

Поборничката за граѓански права Ана Ревуелта не верува во овие зборови. Според пресметките на движежењето „Евровегас Но“ во најдобар случај ќе бидат отворени само 20 проценти од најавените работни места. Повеќето од нив најверојатно ќе бидат сигурни само за време на изведувањето на градежните работи. Подоцна би имало потреба од ниско квалификувани работници за сервисните услуги, за кои речиси и да не би имала никаква социјална сигурност, нагласува Ревуелта. „Лас Вегас Сандс“ било претпријатие кое не дозволува синдикати. „Работнциите во нивните филијали во Сингапур и Макао ги немаат истите права и гаранции кои би им следувале на работнциите во Шпанија“.

Граѓанското движење има намера во иднина да ја зајакне работата во јавноста и да преземе правни чекори против планираниот комплекс за игри на среќа. Доколку „Еуровегас“ не стопанисува профитабилно, „Лас Вегас Сандс“ би можел да се повлече од Шпанија. Мадрид на сметка на даночните обврзници во таков случај непотребно би инвестирал во инфраструктурните мерки, а околината ќе биде осакатена со нова монструозна градежна руина.