1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шпанија профитира од настаните во Египет и Тунис

Шпанскиот туризам цути поради пренасочувањето на гостите од Египет и Тунис. Концернот за компјутерски чипови „Интел“ пронајде грешка во производството што ќе го чини околу 700 милиони долари.

default

Барселона е еден од главните туристички адути на Шпанија

Шпанија зимава очекува навала од туристи, поради политичките безредија во Египет и Тунис. Туристичките агенции ветиле 300 илјади туристи повеќе до крајот на април само за Канарските острови. Со тоа искористеноста на сместувачките капацитети би достигнала 80 до 85 проценти. Британците, Германците и скандинавците предничат во пренасочувањето на резервациите од Египет и Тунис кон Канарските острови.

САД - одложна исплата на бонуси за банкарите

Најголемите американски финансиски институти, со биланси од најмалку 50 милијарди долари, во иднина на своите врвни менаџери ќе мораат да им исплатуваат половина од бонусите одложно по три години. Со овие мерки американските регулаторни власти сакаат да ги принудат финансиските менаџери на поголемо внимание и избегнување трка за добивка во краток рок, со игнорирање на последиците на долг рок за пазарот и претпријатијата.

USA Elektronikmesse CES in Las Vegas Intel

На тоа ги стимулираше досегашниот начин на исплата на бонусите. Американските мерки не одат толку далеку, колку веќе договорените прописи во Европа.

Германија - цените за енергија и суровини ризик за конјунктурата

Потрошувачите во Германија не мораат да стравуваат од пораст на цените како резултат на порастот на цената на нафтата. Претпријатијата сметаат дека немаат маневарски простор зголемените трошоци да ги компензираат со повисоки цени поради „крајно домаќинскиот пристап на потрошувачите во однос на цените“, како што оцени Мартин Ванслебен, главен раководител на Конференцијата на Германската индустриска и трговска комора во изјава за агенцијата Франс прес. Но, поради зголемените трошоци за гориво на Германците им остануваат помалку пари за други производи. Порастот на цените за енергија и суровини, според Ванслебен, станува „главен фактор на ризик за конјунктурата за се’ поголем број бранши“.

Грешка во чип ќе го чини „Интел“ 700 милиони

Најголемиот светски концерн за производство на полупроводници „Интел“ веќе кон средината март, две недели порано од планираното, ќе почне да испорачува подобрен сет од чипови за новата генерација процесори „Сенди бриџ“. Пред една недела „Интел“ призна дека има грешка кај неговите чипови, која може да предизвика проблеми во функционирањето на компјутерите. Поради тоа дојде до застој во продукцијата кај големите производители на компјутери како „ХП“ и „Дел“. „Интел“ процени дека трошоците за отстранувањето на грешката и поправката на веќе испорачаните компјутери ќе изнесуваат 700 милиони долари.

Автор: Ролф Венкел / Зоран Јордановски

Редактор: Горан Чутаноски