1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Шпанија: Принцезата Кристина сослушана во суд

Во Шпанија за првпат пред суд мораше да се појави член на кралското семејство. Најмладата ќерка на кралот Хуан Карлос, Кристина, во Палма де Мајорка беше сослушана како осомничена во судскиот процес за корупција

Шпанската принцеза Кристина денеска (08.02.) е изведена пред судот во Палма де Мајорка, каде биде испрашувана за корупцискиот скандал во кој е вмешан нејзиниот сопруг, некогашниот најпознат шпански ракометар Инаки Урдангарин.

Истражниот судија Хосе Кастро сакаше да дознае од принцезата во колкава мера е вмешана во аферата за даночно затајување и перење пари.

Ова е прв пат во историјата на Шпанија, висок член на шпанското кралско семејство да биде изведен пред суд за една криминална истрага.

Урдангарин, зет на шпанскиот крал Хуан Карлос, е осомничен за измама и за перење пари во врска со непрофитната организација „НОС“, на која тој е претседател, а принцезата е член на управниот одбор.

Организацијата била создадена за изградба и организирање на низа спортски настани на Балеарските Острови и во реонот на Валенсија. Според јавното обвинителство, Урдангарин злоупотребил 5,6 милиони евра јавни средства на локалните влади на регионите каде дејствувала организацијата „НОС“.

Голема штета за угледот на кралското семејство

Обинителството тврди дека принцезата Кристина не само што знаела за работењето на својот сопруг, туку дека трошела од овие средства. Тие двајцата досега постојано тврдат дека не се виновни и дека не сториле ништо противзаконско.

Кралската палата во Мадрид потврди дека целиот случај, а посебно сослушувањето на принцезата Кристина, му наштетува на угледот на целото кралско семејство. На ќерката на кралот и’ се заканува и официјално обвинение за вмешаност во скандалоот.

Пред зграда на судот во Палма де Мајорка, поголема група републиканци демонстрира против монархијата во Шпанија. Тие го критикуваат раскошниот животен стил на благородничкото семејство наспроти социјалната и економска криза во земјата.