1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шпанија прв фаворит на ЕУРО 2012, велат обложувалниците

Репрезентацијата на Шпанија е главен фаворит за освојување на претстојното Европското првенство во фудбал, оценија некои од водечките светски обложувалници.

Зад актуелниот европски и светски шампион најголеми шанси да го освојат трофејот на турнирот во Полска и во Украина според проценките на обложувалниците имаат Германија, па Холандија.

Најмали шанси за освојување на титулата европски фудбалски првак им се даваат на Ирска и на Данска.

Британскиот обложувачки гигант Вилијам Хил за триумф на Шпанија нуди квота од 3,75, додека пак интернет обложувалницата „Бет енд Вин“ подеднакви шанси им дава на „црвената фурија“ и на Германија- 3,80.

Flash-Galerie Teilnehmer der Fußball-Europameisterschaft 2012 Deutschland

Репрезентацијата на Германија е фаворит број 2

Вилијам Хил за победа на Данска на првенството дава квота 101, а „Бет енд Вин“ има одредено квота од 81 за можна победа на Грција, Ирска и Данска.

По тројката фаворити (Шпанија, Германија, Холандија) најголеми шанси за освојување на ЕУРО 2012 им се даваат на Англија и на Франција, а потоа на Португалија.

Германскиот голгетер Марио Гомез, според светските обложувалници има најголеми шанси да биде прв стрелец на турнирот во Полска и во Украина. По него најголеми шанси за голгетерската круна им се даваат на холандскиот напаѓач Робин ван Перси и на Французинот, Карим Бензема.

Европското првенство почнува во петок на 8. јуни, а ќе трае до 1. јули.