1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Шпанија – повеќе од сонце, море и чаша сангрија

Сакајќи да приграби што повеќе туристи, Шпанија интензивно го развива и алтернативниот туризам. Посета на најголемата соларна платформа во Европа доминира во туристичките понуди.

default

Се бара нешто повеќе од само уживање на плажа

До не така неодамна, индустријата за туризам во Шпанија покажуваше растечки тренд и беше водечка во светот. Според Еуростат, бирото за статистика на Европската комисија, помеѓу 2000 и 2006 година, Шпанија доминираше во европскиот туристички пазар, учествувајќи со една четвртина во приходите. Зад неа беше Италија со 15 отсто учество во заработката од европскиот туризам.

Но, во последниве години, податоците покажуваат тенденција на опаѓање и за првпат иднината на туристичката индустрија, која претставува повеќе од 10 проценти од шпанската економија и во која работат 2 милиони луѓе, стои

Antonio Gaudi

Катедралата на Гауди „Саграда Фамилиа“

на стаклени нозе. Како резултат на тоа Шпанија бара нови начини да го развие туризмот. Владата инвестира стотици милиони евра во т.н. Обновен план за модернизација на индустријата. Идејата е освен туризам што подразбира традиционално сонце и морски брег, да се понуди урбан и културен туризам. Градот Барселона одлично го изведува ова; со помош на модерните барови и ресторани и импозантни објекти како катедралата на Гауди, сега повеќе заработува од туризам, дури и од соседниот брег Коста Брава. Успешен пример е и градот Санлукар во близина на Севиља, кој е лидер во

Solaranlage in Sanlucar Mayor

Погонот за соларна енергија во Санлукар

технолошки туризам и каде туристите може да го посетат погонот за термичка соларна енергија, најголема соларна платформа во Европа. Тоа е спектакуларно место, со две високи кули околу 100 метри, кои може да се видат на повеќе километри оддалеченост. Секоја кула е опкружена со дузина соларни екрани, кои рефлектираат светлина до фокусна точка на кулата.

Зголемениот интерес за алтернативниот туризам, покажува дека луѓето бараат постимулативни начини како да го поминат своето слободно време, отколку да се сончаат на плажа. Напорите на Шпанија да се вметнат нови идеи во водечката индустрија за туризам може да донесат резултати. А тоа не значи дека туристите ќе мора да се откажат од чашка сангрија покрај разбранувано море или луди забави до доцна во ноќта.

Автор: Вуд Дени / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска