1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шпанија побара помош од еврозоната

Владата во Мадрид денеска и формално се обрати до Брисел за да добие помош во износ од речиси 40 милијарди евра за нејзиниот колабиран банкарски сектор

Шпанија денеска упати формално барање за 39,5 милијарди евра помош од еврозоната за банкарскиот сектор кој е соочен со проблеми.

ЕУ минатата недела одобри план за реструктуирање на четири национални банки. Од помошта, 18 милијарди евра се за Банкиа, 9 милијарди за Каталонија Банк, 5,4 милијарди за Новагалисија Банко и 4,5 милијарди евра за Банко де Валенсија.

Барањето се очекува да биде одобрено на средбата на министрите за финансии од државите од еврозоната закажана в понеделник во Брисел.Шпанските власти бараат и 2,5 милијарди за банката Сареб. Владата очекува помошта да пристигне околу 12 декември.

Владата во Мадрид соопшти дека очекува средствата да ги добие до 12 декември. Четирите банки беа меѓу најтешко погодените од кризата на пазарот на недвижнини која ја погоди Шпанија во 2007 година. Еден од условите за добивање на помошта беше претходното одобрение од Европската Комисија за планот за реструктуирање на банките.