1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шпанија не дозволува мешање од ЕУ

Шпанскиот премиер Маријано Рахој одбива мешање на Европската унија при напорите за надминување на финасиската криза.

Премиерот на Шпанија Маријано Рахој во случај да биде неопходна помош за неговата земја, нема да дозволи да бидат одредувани прописи за конкретни мерки за штедење. Тој не можел да прифати да му биде диктирано, во кои конкретни области се потребни кратења, изјави синоќа Рахој за шпанската телевизија. Во однос на тоа дали Шпанија ќе поднесе барање за државна помош, шпанскиот премиер Рахој синоќа изјави дека уште не одлучил дали да го прифати предлогот на Европската централна банка (ЕЦБ) за исплаќање на должнички обврзници на проблематични земји, нагласувајќи дека поважно е да се продолжи со намалување на дефицитот прегу ограничување на трошоците и зголемување на даноците.

Тој истакна дека ќе донесе решение пред средбата на министрите за финансии од земјите членки на еврозоната и на ЕУ, која ќе се одржи на 14 и 15 септември.

Рахој додаде дека уште не може да каже дали предлогот на ЕЦБ е „неизбежен“ и дали е „добар“, оценувајќи дека прво треба да ги разгледа условите, според кои може да се користи планот на банката. Тој потенцира дека има некои прашања, за кои не е подготвен да отстапи, но не потврди кои се тие.

За да добие спасувачки пакет, Шпанија би морала да се обврзе на програма за штедење, односно официјално да побара помош од европските спасувачки фондови и да прифатат „строги и ефективни“ услови за нивните буџетски политики.