1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шпанија мора да плати рекордно високи камати

Владата во Мадрид, кратко пред да поднесе барање за европска финансиска помош за банките, обезбеди свеж капитал, но по далеку понеповолни кондиции.

При аукцијата на обврзници на среден рок Шпанија денеска (21.06) обезбеди околу 2,2 милијарди евра - 200 милиони повеќе отколку што се проценуваше. Агенцијата за долгови меѓутоа мораше да понуди повисоки камати отколку досега. За хартиите од вредност кои важат до 2017 година ќе се пресметува камата од повеќе од 6 проценти. Тоа е највисока вредност во последните 15 години. Во изминатите месеци Шпанија мораше да плаќа до пет проценти. Исто така се покачија и каматите за обврзниците кои траат до 2014 и 2015 година. „Шпанија може да живее уште неколку месеци со овие трошоци за рефинансирање“, изјави аналитичарот Ахилес Јоргополус од Лојд во Лондон.

За шпанските хартии од вредност постои голем интерес: за обврзниците со петгодишен рок побарувачката беше за 3,4 пати поголема од емисијата, а претходно за 3,1 пати.

Шпанија веќе се обрати до Брисел за помош за банките. Уште во текот на денот се очекува официјално да биде поднесено барање за користење на европскиот спасувачки чадор. Еврогрупата неодамна и‘ вети на Шпанија поддршка до 100 милијарди евра.

Парите треба исклучиво да бидат користени за поддршка на банките. Конзервативната влада на премиерот Маријано Рахој и покрај драматичното покачување на трошоците за рефинансирање сака да ја надмине должничката криза со сопствени сили и да не падне под големиот спасувачки чадор, под кој веќе се наоѓа соседот Португалија.