1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шпанија кредитно-неспособна

„Баа3“ - оваа кратенка сега важи за недоволната кредитоспособност на Шпанија. Рејтинг агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на Шпанија за три степени, а наскоро би можело да биде уште полошо.

Оценката за бонитетот на Шпанија е намалена од „А3“ на „Баа3“, соопшти американската агенција за оценка на кредитниот рејтинг Мудис. Со тоа оценката за кредитоспособноста на Шпанија е само за еден степен повисока од т.н. ниво на „смет“. Покрај тоа, Мудис се закани со натамошно намалување на кредитниот рејтинг на финансиски загрозената членка на еврозоната. Одлуката за тоа би требала да следува најдоцна за три месеци.

Ratingagentur Moody's senkt das Rating von mehreren EU Staaten

Рејтинг агенцијата Мудис и’ го намали кредитниот рејтинг на Шпанија за три степени

Пакетот со помош во висина од 100 милијарди евра за поддршка на шпанските банки, кој министрите за финансии од еврозоната го одобрија во саботата (09.06.2012), натамошно ќе го зголеми товарот од долгови на земјата, смета Мудис. Задолжувањето на Шпанија веќе значително порасна во текот на финансиската криза, дополни агенцијата.

Речиси без пристап до пазарите

Шпанија згора на тоа има само многу ограничен пристап до финансиските пазари, велат во Мудис. Земјата пари добива речиси само од националните централни банки кои Европската централна банка широкоградо ги снабдува со ликвидност. Покрај тоа, актуелната слабост на шпанското стопанство дополнително ја оптоварува финансиската моќ на државата.

Дали земјата ќе добие уште полоша оценка за кредитоспособноста, според оценката на Мудис, зависи од условите на помошта што ќе ја добие и од формата на рекапитализација на домашните банки. Згора на тоа, опасноста од намалување на рејтингот на Шпанија и на други држави од еврозоната би пораснал, доколку стане поверојатен излезот на Грција од еврозоната.

Лоши вести за Кипар, подобри за Ирска

Eurokrise Euro Spanien Ein-Euro-Münze

Освен за Шпанија, рејтинг агенцијата Мудис даде полоша оценка и за Кипар

Мудис со тоа ја оценува Шпанија уште полошо од конкурентските рејтинг агенции Стандард и Пурс (БББ +) и Фич (БББ). Но, погодена од намалувањето на кредитниот рејтинг не беше само владата во Мадрид. И кредитниот бонитет на Кипар беше полошо оценет од страна на Мудис.

Освен овие лоши вести во врска со должничката криза во еврозоната, новинските агенции јавуваат и за одлуката на Меѓународниот монетарен фонд да одобри натамошни 1,4 милијарди евра финансиска помош за Ирска. Помошта е дел од спасувачкиот пакет тежок 85 милијарди евра усвоен на крајот на 2010 година. ММФ оценува дека ирската влада досега ги реализирала сите договорени цели за реформа на финансискиот систем и консолидација.