1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шпанија и Италија во борба за европската круна

Фаворитот Шпанија ќе се обиде да ја освои третата титула по ред на големите фудбалски турнири, а Италија се надева на изненадување и на втората титула фудбалски првак на Европа.

На „Олимпискиот стадион“ во Киев вечерва се игра финалето на 14-то Европско првенство во фудбал. Во финалето играат се репрезентациите на Шпанија и на Италија.

И двете репрезентации досега ја имаат освоено титулата првак на Стариот континент. Шпанија покрај тоа што е актуелен шампион (ЕП 2008) има триумф и во далечната 1964 година, но има претрпено и пораз во финалето во 1984 година. На последните три големи натпреварувања „црвената фурија“ нема примено гол во елиминациските натпревари, а на овој шампионат единствено Италија, во натпревар од првото коло од групата, ја затресе мрежата на Икер Касиљас. Инаку, Шпанија доколку денеска победи во финалето ќе влезе во историјата како единствена репрезентација која успеала да ги освои титулите на три големи фудбалски турнири едно по друго. Покрај ЕП во 2008, Шпанците во 2010 станаа светски шампиони на Мундијалот во Јужноафриканската република.

Италија вечерва, пак, ќе го игра третото финале на Европските првенства. „Азурите“ имаат една титула од 1968 година, а финалисти беа 2000 година, кога загубија од Франција. Овие две репрезентации на 10 јуни во Гдањск одиграа натпревар кој заврши 1:1, а головите ги постигнаа Антонио Ди Натале, за Италија, и Цеск Фабрегас, за Шпанија.

Досега на евро-шампионатите заедно со овој натпревар двете селекции имаат одиграно четири дуели: Шпанија – Италија 0:0 (ЕП 1980 – групна фаза); Шпанија – Италија 0:1 (ЕП 1988 – групна фаза) и Шпанија – Италија 0:0 – 4:2 пенали (ЕП 2008 – четвртфинале). Судија на финалето од ЕУРО 2012 ќе биде Педро Проенса од Португалија.