Шпанија и Велика Британија со придонес за крај на сирискиот конфликт | Свет | DW | 21.12.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шпанија и Велика Британија со придонес за крај на сирискиот конфликт

Шпанија на 9 и 10 јануари во Кордоба ќе организира средба на која ќе покани претставници на сириските опозициски групи. Велика Британија, пак, прифати да уништи дел од сириското хемиско оружје.

Одлуката да се организира средба на сириската опозиција синоќа (20.12.2013) ја соопшти шпанскиот премиер Маријано Рахој. Според Рахој, цел на средбата е да се олесни дијалогот во пресрет на мировната конференција за Сирија, којашто треба да започне на 22 јануари во Швајцарија. Шпанскиот премиер меѓутоа не соопшти дали на неа ќе бидат поканати само умерените движења, кои имаат поддршка од Западот, или и претставници на радикалните исламистички групи, од кои некои се поврзани и со Ал Каеда.

Во меѓувреме Велика Британија прифати да уништи дел од сириското хемиски залихи во приватни компании и да обезбеди придружба на скандинавските бродови, кои ќе го пренесат опасниот товар. Околу 150 тони опасни хемикалии со брод ќе бидат пренесени од Сирија во британско пристаниште, информира преку соопштение британското Министерство за надворешни работи. Британското МНР информира дека станува збор за материи кои се користат во фармацевтската индустрија.

„Значајно е да се нагласи дека ова се хемикалии, а не хемиски оружја“, објасни британското МНР, додавајќи дека кога две хемиски материи можат да бидат многу токсични само ако се помешаат за да се создаде нервен гас. Министерството не го наведе името на компанијата која ќе го уништува оружјето.

Режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад пријави 1.300 тони хемиско оружје во Организацијата за забрана на хемиско оружје, која годинава е добитник на Нобеловата награда за мир. Според планот усогласен со САД и Русија, Дамаск до 31 декември ќе мора да се откаже дрекне од најголемиот дел на отровни лекови.