1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шпанија е следниот проблем на Европа

Должничката криза се враќа, а проблематичното дете сега се вика Шпанија. Мадрид за десетгодишните државни обврзници првпат годинава мора да плати камати од над 6%, што за многу експерти е предупредувачки сигнал.

Мувите не се лепат за јајцата што немаат пукнатини, вели една кинеска поговорка. Четвртата по големина економија во еврозоната на шпекулантите им нуди доволно пукнатини. На прво место е високиот буџетски дефицит, кој минатата година изнесуваше 8,5 проценти од брутодомашниот производ. Оваа година владата во Мадрид мора да го намали дефицитот на 5,3 проценти, или во спротивно ќе се соочи со лутината на Брисел. Значи штедењето има највисок приоритет и тоа во време во кое шпанското стопанство повторно е во пад. Кристијан Шулц од Беренбергер Банк оценува дека најголемата опасност се состои во тоа дека спиралата на штедење би можела да предизвика поголема рецесија, натамошно промашување на буџетските цели и уште поголеми кратења:

„Освен тоа, Шпанија се‘ уште страда од пукањето на балонот на недвижнини. Невработеноста експлодира пред се‘ поради пропаѓањето на градежништвото.“

Шпанија, заедно со Грција, има највисока стапка на невработеност во ЕУ - 23 проценти. Шпанските банки седат на планина од кредити кои ги издале во текот на градежниот бум и кои сега во најголем дел не можат да се вратат. Волуменот на овие кредити во моментов се проценува на околу 150 милијарди евра и тој постојано се зголемува. Јирген Донгес, професор по економија на Универзитетот Келн, вели дека цените во овој сектор се‘ уште не се прилагодени:

„Цените малку се спуштија, но се‘ уште се празни околу милион станови. Јас, како економист, би рекол дека цените би морале да бидат на дното.“

Immobilienverkauf in Spanien

Кризата со недвижнини предизвика експлозија на невработеноста

Многу штедилници технички се банкрот

Ако цените на недвижнините и натаму паѓаат, банките би слабееле дополнително. Веќе сега се „на лажица“ на Европската централна банка. Тие во март од ЕЦБ позајмија над 300 милиони евра, или толку многу како никогаш досега:

„Многу штедилници во Шпанија се всушност, технички погледнато, банкрот“, објаснува Донгес.

Финансиските пазари се загрижени дека доколку банкарскиот сектор колабира, нема да има веќе купувачи на шпанските државни обврзници. Експертот за Шпанија, Донгес, меѓутоа, не го дели таквото мислење. Прво не големите банки, туку штедилниците би имале проблем, а потоа...

„...веќе постои еден вид национален чадор за спас, за да се спроведе рекапитализација. Прашањето е дали е тоа доволно, односно дали ќе треба да интервенира владата.“

Доколку владата во Мадрид не е во состојба да го направи тоа, на земјата би можело да и‘ бидат обезбедени флексибилни кредитни линии, оценува Кристијан Шулц од Беренбергер Банк. Тоа значи...

„Доколку Шпанија при продажбата на државни обврзници не најде доволно купувачи, на помош ќе прискокне чадорот за спас ЕФСФ, или подоцна трајниот фонд за спас ЕСМ.“

Spanien schwache Wirtschaft Flash-Galerie

Шпанија има најголем број невработени во еврозоната

Шпанија нема да мора да се сокрие цела под чадор за спас

Со оглед на турбуленциите на финансиските пазари, Шулц смета дека е тоа реално сценарио. Но, и двајцата експерти не се на мислење дека Шпанија сосема како економија би требало да се скрие под европскиот чадор за спас.

„Шпанија веќе има зад себе голем процес на прилагодување. Извозот во изминатите години забележа бум, а увозот е намален. Освен тоа, Шпанија веќе бележи фискален напредок, како и напредок во делот на реструктуирање на банките. А и стартната позиција на Шпанија не беше лоша“, вели Шулц.

Тој притоа мисли на тоа дека државното задолжување, и покрај големото зголемување во кризата, се‘ уште изнесува околу 70 проценти од брутодомашниот производ, додека во еврозоната, во просек, стапката на задолженост е околу 88 проценти. Освен тоа, Шпанија веќе ја има покриено половината од своите потреби за рефинансирање за годинава.

И Јирген Донгес е убеден:

„На Шпанија не и‘ е потребна помош однадвор. Шпанците би можеле да ги решат своите проблеми, само мора да сакаат.“