1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шпанија го зголемува данокот на додадена вредност

Во рамките на справувањето со должничката криза, конзервативната влада на премиерот Мариано Рахој им брцнува во џебот на граѓаните. Зголемениот ДДВ треба да донесе годишно дополнителни десет милијарди евра.

Шпанците од денеска мораат подлабоко да ја завлечат раката во џебот за купување на секојдневните производи.

Од денеска во Шпанија влегува во сила новата стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ), којашто се крева од 18 на 21 процент. Здруженијата за заштита на потрошувачите пресметаа дека едно просечно шпанско семејство годишно во просек ќе мора да плати 470 до 600 евра повеќе.

Мерката е дел од пообемниот владин пакет за штедење. Шпанија планира со крајот на 2014. година да заштеди 120 милијарди евра, соопшти неодамна владата.

Оваа сума го вклучува и пакетот за штедење вреден 65 милиарди евра, што беше објавен во јули и кој предвидува и зголемување од денеска на стапката на ДДВ, како и укинување на божиќните бонуси за државните службеници и намалување на регионалните буџети за здравство и образование.

Се очекува новиот ДДВ да ги зголеми цените на производите за Шпанците, кои и без тоа страдаат од намалување на платите и невработеност од околу 25 проценти.