1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шојбле ја пофали Грција

Германскиот министер за финансии Шојбле најде пофални зборови за Грците, кои сепак ги очекува уште долг пат. Владата направи голем чекор со тоа што парламентот во Атина ги прифати новите, спорни мерки за штедење.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, на почетокoт на неговата посета на Атина и’ даде ветување на владата на премиерот Самарас дека земјата ќе ги добие очекуваните кредити за помош. Германија била подготвена да уплати средства во Фонд за унапредување на средните претпријатија кои имаат потреба од кредити, штом тој би бил основан, рече Шојбле денеска во Атина без да наведе конкретен термин кога тоа би се случило. Според досегашните информации, Германија би учествувала во тој Фонд со до 100 милиони евра кои би биле ставени на располагање од страна на државниот кредитен институт за обнова КфВ банката. Истовремено Шојбје изјави дека Грците постигнале приличен напредок при преструктуирањето и модернизирањето на стопанството.

Посетата на министерот се одвива под строги безбедносни мерки, бидејќи многумина во Грција имаат негативна слика за Германија, поради настојувањата на Берлин за спроведување на мерките за штедење во високозадолжената земја. Атмосферата стана уште потензична и по усвојувањето на новиот пакет мерки за штедење во парламентот во Атина, кој меѓу другото овозможува кратење на државната администрација.

Кратко пред да замине за Атина, германскиот министер повторно ги отфрли повиците за ново кратење на долговите на Грција. „Никој, кој малку се разбира од оваа работа, не зборува сериозно за ново бришење на долговите за приватните доверители“, рече Шојбле. Тој настојува Грција прво да ги исполни сите обврски во врска со меѓународните програми за помош. Во 2014 година би имало доволно можности да се зборува за натамошна помош.