1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шојбле реакции

*

Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле ретерира во својот став околу плановите за борба против терористите во земјата. Политичарот од ЦДУ по неговите изјави во врска со целно убивање на терористите, зборува за недоразбирање и погрешна интерпретација. Во синоќешното интервју за телевизијата ЗДФ Шојбле изјави дека за целното убиство на терористите зборувал само во случај на одбрана. Сојузниот претседател Хорст Келер го повика Шојбле на внимателност. Остри критики пристигнаа и од редовите на коалициониот партнер, социјалдемократите, кои го ставија под знак прашање неговото останување на функцијата.