1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шојбле отфрла трет пакет-помош за Грција

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска ја отфрли можноста за доделување на трет пакет-помош за Грција, но изрази увереност дека земјата ќе остане во еврозоната.

Во интервју за државното радио Шојбле соопшти дека „трошоците за Грција веќе се многу високи и поради тоа не може да се одобри нова програма за задолжената земја“.

Во мај 2010. година Грција стана прва земја од еврозоната на која и беше одобрена помош во вредност од околу 110 милијарди евра во замена за серија реформи и кратења на буџетските трошоци.

Во октомври 2011. мораше да биде изработен и втор пакет-помош, овојпат во вредност од 130 милијарди евра, со дополнително отпишување на долгови во вредност од 100 милијарди евра.

Сега Грција повторно е на работ на банкрот и треба да ги задоволи претставници на меѓународните кредитори во нивните барања за да ја добие втората транша од помошта. Извештајот на „тројката“ се очекува на почетокот на октомври.

Шојбле очекува Грција да остане во еврозоната и не ги смета за полезни шпекулациите за нејзино напуштање на заедничката валута.

Шојбле прогнозира дека еврото годинава ќе биде постабилно и ќе има помалку нервоза на финансиските пазари.

„Но се уште не сме во мирни води“, вели германскиот министер.

„Ја загубивме довербата, а тоа се случува брзо. Да се врати довербата е тешко и потребно е долго време“, изјави Шојбле во интервју за германското радио.