1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шојбле не смета на американска помош за ММФ

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле смета дека нема шанси САД да го зголемат својот придонес во ММФ, поради опозицијата во Конгресот. Германија би можела својот дел во целост да го исплати следната година.

default

Волфганг Шојбле

Лидерите од еврозоната се согласија да понудат 150 милијарди евра како билатерални заеми за ММФ за да се зголеми капацитетот за борба со кризата, додека други 50 милијарди се очекуваат да дојдат од земји кои не се дел од еврозоната, па дури и од земји кои не се на европскиот континент.

„Вашингтон не може да направи билатерални заеми за ММФ без одобрение на Конгресот и тоа така се прави во САД. Нема шанса за тоа и американската влада тоа од секогаш го кажуваше јасно“, изјави денеска Шојбле.

„Ни треба долг период за враќање на загубената доверба кај инвеститорите во светот, бидејќи европскиот процес за донесување одлуки е многу комплициран“, рече Шојбле.

Тој во интервју за весникот Рајнише пост Диселдорф, којшто излезе од печат денеска (19.12.), најави дека земјата би можела во 2012-та година да го исплати целосно својот дел од придонесот во фондот за спас на еврозоната.

„Јасно е дека колку побрзо фондот добие капитал, толку повеќе ќе се зголеми довербата на финансиските пазари. Мојот приоритет е да се создаде доверба“, рече Шојбле во интервју за Рајнише пост Диселдорф.

Автор: Александар Методијев / АТ/ ројтерс / дапд

Редактор: Жана Ацеска