1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шојбле: ”На Косово е веројатно потребна посилна регионална поделба”

Ситуацијата на Косово во последното деноноќие била мирна, соопштија претставници на КФОР. Денеска во покраината доаѓа првиот човек на НАТО, Јап Де Хоп Шефер, кој треба да води разговори и со меѓународните претставници и со косовските власти. Шефер на Косово доаѓа од Будимпешта, каде изјави дека никој на Косово не треба да мисли, а тоа особено се однесува на мнозинската косовска заедница, Албанците, дека со предизвикување насилство побрзо ќе ги остварат своите политички цели. Шефер подвлече дека сега зајакнатите сили на КФОР прават се што можат за да го заштитат секој граѓанин на Косово. Околу КФОР и неговите можности, за Дојчландфунк, говореше и заменикот претседавач на фракцијата на германските опозициони партии на унијата, Волфганг Шојбле. Дали некој потфрли? На ова прашање, Шојбле со одговор:

”Повеќето што ја познаваат ситуацијата предупредуваа дека може да дојде до ваков развој на ситуацијата, дека не смееме да негуваме илузии, дека надежта за мултиетнички соживот на Косово е можна, е само празна надеж. Сега тоа на страшен начин се потврди. Впрочем, мислам дека НАТИ и германската влада реагираа брзо и решително. Тоа е знак дека реакцијата на можен лош развој на состојбите, беше вистинска. Само што вакви брзи реакции, се разбира, не помагаат за решение на проблемот. Мислам дека мораме уште еднаш да го разгледаме прашањето на Балканот преку меѓународен дијалог во рамки на атлантскто партнерство и да видиме дали можеби не ќе мораме да примиме д знаење дека соживото меѓу разгличните групи, меѓу Албанците и Србите, поради страшните случувања од последните 10 до 15 години, не е толку преоптоварен што мораме да бараме нови решенија. ”

Потпрашан дали тоа значи независност за Косово, Шојбле со одговор:

”Не, тоа веројатно значи посилна регионална поделба. Јас за време на викендот присуствував на конференција на германско-француски офицери и таму одговорниот офицер од НАТО ми рече: ”Ние, во основа, мора да ја заштитуваме секоја српска населба на Косово со најмалку една единица”, а толку војници НАТО на Косово не може да дислоцира на долг период. Тоа значи, мора да се реагира во политичката структура, тоа е тажно што е така, но некогаш мора да се земат редвид тажните реалности и од тоа да се озвлечат вистинските заклучоци.”