1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шојбле: и во Германија треба да се заострат безбедносните мерки

*

По зголемената опасност од тероризам во Велика Британија и германскиот министер за внатрешни Волфганг Шојбле, побара засилување на безбедносните мерки во Германија. Мора да се обезбедат законски претпоставки во борбата против тероризмот да се користи надгледеување на телефони, мобилни и компјутери. Ако не може да се навлезе во комуникациската структура на терористите, тогаш битката со нив е загубена. Претходно синдикатот на германската полиција предупреди од терористичка опасност и во Германија. Шефот на синдикалната организација Конрад Фрајбергер порача дека во Германија живеат околу 100 лица, кои се во состојба да извршат терористички напади. Засега нема конкретни информации за напади.