1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шојбле: Еврозоната ќе преживее и без Грција

Според германскиот министер за финансии, Фолфганг Шојбле, еврозоната денес е многу поотпорна од пред две години и би можела во нужен случај да го поднесе исклучувањето на Грција.

„Во последните две години многу научивме и изградивме заштитни механизми. Опасноста останатите земји од еврозоната да се заразат е намаелна, а еврозоната во целост стана поотпорна“, изјави германскиот министер Шојбле за весникот „Рајнише пост“.
Според Шојбле, погрешна е претпоставката дека еврозоната не е би била во состојба да реагира на нешто непредвидено.
„Европа не потонува толку лесно“, истакна германскиот министер.
Тој побара од Грција да се придржува на курсот за штедење договорен со ЕУ и ММФ, зашто не постои друг освен заеднички договорениот пат.
„Европските држави и приватните доверители веќе невообичаено далеку и‘ излегоа во пресрет на Грција. Ние направивме што можевме. Грција мора да разбере дека за возврат и таа мора да ги исполни своите обврски. Опасно е доколку на граѓаните им се будат празни надежи за постоење поедноставен пат, по кој Грција може да оздравее и да ги одбегне драстичните мерки за штедење.
„Тоа е лудост“, смета Шојбле.
Излегувањето на Грција не е драматично
Сојузот на германски банки е исто така на став дека излегување на Грција од еврозоната не би било драматично. „Мислам дека еврозоната тоа може да го издржи“, оцени за Дојчландфунк раководителот на Сојузот на германски банки Михаел Кемер.


Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле пак во владината изјава во Бундестагот денеска рече дека нема да има нови преговори околу европскиот Фискален пакт.  Крајот на должничката политика е договорен и овој договор нема да биде поништен со нови преговори меѓу државите, изјави Вестервеле. Во однос на ситуацијата во Грција, шефот на германската дипломатија рече дека ЕУ се држи до ветувањата за помош, но Грција исто така треба самата да сака да и‘ се помогне.
Во заштита на еврото
„Штедење или надвор од еврозоната“, апелот на германскиот министер за финансии Шојбле до Грција очигледно инаку го оправдуваат и германските граѓани. Заради шатита на еврото, повеќе од 70 проценти од Германците би сакале Грците да ја напуштат еврозона. Околу 60 проценти сигналот против стриктната политика за штедење на изборите во Грција и во Франција го толкуваат како сериозна опасност за еврото. Ова го покажува репрезентативна онлајн-анкета на Маркетинг агенцијата Толуна и Теринг Хеер и партнери.