1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Шојбле го потсетува Самарас дека треба да штеди

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го повика грчкиот премиер Андонис Самарас да се држи до курсот на штедење и реформи. Самарас денеска е на разговори со канцеларката Меркел.

Никој не смее да ги намали напорите „веднаш штом ќе бидат регистрирани првите успеси“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска (22.11) за радиото Зидвест Рундфунк, потсетувајќи го грчкиот премиер Андонс Самараса дека треба да продолжи со курсот на реформи и штедење. Германија билатерално ќе стори се‘ за да им помогне на Грците „на нивниот особено напорен пат“, вели Шојбле (на насловната фотографија). Предуслов за тоа, меѓутоа, е Атина да си ги исполни обврските.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин се среќава со грчкиот премиер Самарас.

Merkel und Samaras in Berlin 08.01.2013

Самарас и Меркел во Берлин 08.01.2013

Тој, како што се најавува, има намера да разговара за олеснувања во процесот на намалување на грчките долгови. Грчката влада се надева на пониски камати или на подолги рокови за отплата на кредитите, пишува весникот „Зиддојче цајтунг“.

Поради финансиската и должничка крриза односите меѓу Германија и Грција се значително заладени во последните години. Многу Грци сметаат дека Берлин е главен виновник за тешките услови за штедење наметнати од страна на меѓународните инвеститори.