1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шојбле ги предупредува грчките партии да не ги мамат избирачите

„Кој ги убедува Грците дека немало потреба да се придржуваат до договорената програма за штедење, тој го лаже грчкиот народ“, вели германскиот министер за финансии Шојбле. Во изборната кампања тој не сака да се меша.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за весникот „Билд ам Зонтаг“ изјави: „Европската солидарност не е еднонасочна улица“. Ако во Грција навистина некој верува во ова, се лаже себе си и своите избирачи. Во Грција структурни реформи се неопходни, без оглед како, да се продолжи како досега нема да функционира во ниедно сценарио“, вели германскиот министер. Шојбле нагласи дека нема намера да се меша во грчката изборна кампања. Тој би можел само да каже дека патот договорен со Грците мора да биде изоден и дека според негово убедување тоа ќе биде успешно.

Грција мора да се придржува до обврските за штедење

Исклучување на Грција од еврозоната, според Шојбле, се’ уште може да се спречи. „Впрочем токму поради оваа цел со Грците ја договоривме опсежната програма за помош и реформи, со што земјата со години нема да мора да се снабдува на финансиските пазари со кредити. И да ги поттикнува неопходните реформи. Сега е дојдено дотаму, Грција да ги исполни своите обврски“.

Шојбле смета дека е прерано, да се каже дека мнозинството Грци ќе изберат партија, која е против курсот за штедење. Но некои во Грција очигледно веруваат, дека би можеле да најдат изговор и да бегаат од одговорноста, оти „некои во Брисел“ не можат да пружат ништо друго. Едно нешто е сигурно: „Колку побрзо во Грција биде формирана стабилна влада, толку подобро. Моменталната ситуација влева несигурност кај луѓето. Токму тоа политиката не треба да го прави“.

Патот до нови избори е слободен

Грчкиот претседател Каролос Папуљас вчера (19.05) со распуштањето на парламентот, кој беше конституиран пред две недели, го ослободи патот за нови избори. Новите избори ќе се одржат на 17 јуни, а партиите веќе се борат за довербата на избирачите. Повторните нови избори се неопходни, оти по парламентарните избори на 6 мај ниту една партија не успеа да формира влада.