1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шок терапија на турски начин

Фудбалската репрезентација на Турција со спектакуларна победа во последниот натпревар во групата А против Чешка од 3:2 обезбеди пласман во четвртфиналето на ЕП.

default

Турски навивачи на улиците на Берлин ја слават победата

Во досега највозбудливиот натпревар на првенството, Турците во второто полувреме направија целосен пресврт, откако губеа со 2:0. Она што им успеа на Турците, допрва ја очекува Германија, која денеска во директен дуел со Австрија ќе бара место во четвртфиналето

Славје и солзи

Турските навивачи славеа низ поголемите градови во Германија, по синоќешниот триумф на нивните миленици во извонредно драматичниот натпревар против Чешка. Турците со извонредна борбеност и упорност и со малку среќа, успеаја да направат пресврт во натпреварот, во кој до 87 минута имаа негатива од 2:1. Јунак на натпреварот беше Нихат Кавечи кој ги постигна двата решавачки гола за Турците. Трагичар беше чешкиот голман, Петер Чех, по чија грешка Турците го израмнија резултатот.

EURO 2008 Türkei - Tchechien Gruppe A EM Euro08 Jubel nach dem Einzug ins Viertelfinale

По постигнувањето на победничкиот гол за Турција

Инаку, Чесите ја контролираа играта некаде до средината на второто полувреме. Поведоа со голот на Јан Колер во 34-та минута. На 2:0 зголеми Јарослав Плашил, потоа имаа статива и неколку добри шанси. Следуваше казната, на голема жалост на чешките фанови и за ерупција од задоволство на турските навивачи кои славеа долго во ноќта.

Алтинтоп: „Добро е што сме во игра“

Еден од најдобрите актери на теренот беше, Хамит Алтинтоп. По натпреварот тој изјави: „Последните два натпревара ни‘ одемаа многу сила и мора да се каже дека имавме малку среќа. Но, мислам дека е навистина добро што еден тим како што е нашиот и натаму е во игра„

Турција за противник во четвртфиналето ја добива Хрватска. Алтинтоп во врска со очекувањата за успех на претстојниот дуел вели: „Доколку од почетокот на натпреварот го покажеме она што го можеме, тогаш се надевам многу. Хрватите се еден многу добар тим. Но, со наша добра поставеност и се разбира со нашата решеност, може да дојде до изненадување“, вели Алтинтоп

Во групата А освен Турција пласман во четвртфиналето обезбеди и Португалија, која вчера во последниот натпревар во групата против Швајцарија претрпе пораз од 2:0. Португалија во четвртфиналето го очекува победникот од вечерашниот дуел во Виена помеѓу Германија и Австрија. Германците не смеат да си дозволат грешка во дуелот против домаќинот.

Joachim Löw beim EM Spiel Deutschland Polen

Јоаким Лев со смислен концепт

Потребен им е најмалку нерешен резултат доколку сакаат да останат и натаму на првенството. Австријците мора да одат на победа, доколку не сакаат елиминација.

Германската репрезентација е пред огромен притисок. На тоа е свесен и селекторот Јоаким Лев, кој деновиве интензивно ги подготвува своите избраници. За вечерашната тактика тој не открива многу детали: „Нема да го започнеме натпреварот со тројца напаѓачи на теренот. Јас ја имам мојата претстава и веќе знам јасно како ќе настапиме„

Полска и Хрватска се актерите во вториот натпревар во групата Б кој се игра во Клагенфурт.