1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шок и симпатии со САД и меѓу лутите непријатели

Иран денеска (15.12) изрази сочувство до американскиот народ по пукањето во училиштето во Конектикат, во кое загинаа 20 деца, шестмина возрасни и напаѓачот, а на друга локација беше пронајден мртов и братот на напаѓачот.

Портпаролот на иранското МНР Рамин Мехманпшараст го осуди, како што рече, „трагичниот инцидент“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Тој го повика и американското општество да се мобилизира против „поттикнувањето на војни и масакри на невини луѓе каде и да било преку тероризам, без оглед дали тој е спонзориран од државата или, пак, не е“.

US-Präsident Barack Obama Rede nach Amoklauf in Newtown

Американскиот претседател во обраќањето до јавноста се расплака

„Не постои разлика меѓу децата и тинејџерите кои се жртви на вооружени акции, без оглед дали тие се внатре во Газа, во САД, Авганистан, Пакистан, Ирак или Сирија“, изјави портпаролот на иранското МНР.

Иран и САД со децении немаат дипломатски односи и меѓусебно се обвинуваат за поддржување на терористичкуи групи на Блискиот Исток. И покрај тоа, вчерашниот инцидент предизвика шок и симпатии со американскиот народ во Иран, но и ширум светот.

Amoklauf in Newtown, Connecticut

Зголемено е обезбедувањето во останатите училишта

Бројот на жртви од вчерашниот инцидент се искачи на 28. Трагичниот биланс опфати 20 деца, шест возрасни лица, напаѓачот, но и уште една жртва на друга локација во Конектикат. Се работи за братот на напаѓачот, кој беше најден мртов во својот дом. Меѓу жртвите во нападот е и мајката на напаѓачот, која била наставничка во училиштето.

Напаѓачот е идентификуван како Адам Ланца. Откако 20-годишникот ја застрелал својата мајка, заминал со нејзиниот автомобил во основното училиште Сенди Хук во Њутаун, каде ги застрелал децата, возрасните, по што самиот се застрелал.

Американските власти веруваат дека напаѓачот имал психички проблеми, иако неговите пријатели го опишуваат како брилијантна личност, кој сепак знаел да биде повлечен во себе.

По инцидентот е зголемено обезбедувањето во останатите училишта во Конектикат, а експерти разговараат со децата за она што се случило.