1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Шминкањето е строго забрането!

На прв поглед, универзитетот во Газа изгледа како и секој друг. Но, овде студентите од двата пола се строго одделени, студентките можат да сметаат на казни од страна на Хамас ако се однесуваат неисламски.

default

Строги правила за студентките

Студентките и студентите на универзитетот во Газа се движат слободно низ модерните четирикатни згради. Дури на втор поглед станува јасно дека младите се движат во мали групи од ист пол. Контактите меѓу момчињата и девојките се строго забранети. За Адема, студентка по архитектура, тоа е тешко подносливо:

„Исламскиот универзитет е како едно големо училиште. На една страна женските, на друга машките студенти, јас би сакала тие да можат да си разменуваат искуства и да градат доверба едни кон други. “

Религијата игра голема улога

На исламскиот универзитет во Газа не е замислив слободен разговор со 20 годишната Адема и нејзините пет колешки. Дури во кафулето Марна во Газа, таа се чувствува доволно слободно за да ја искаже критиката:

„Религијата игра голема улога на исламскиот универзитет. За мене, како студент по архитектура, тоа е големо оптоварување. Имаме премногу наставен материјал во предметите поврзани со историја на исламот, на штета на стручните предмети.“

Десет проценти од предавањата на факултетот по архитектура се посветени на религијата. Се учи Коранот, негови толкувања и рецитирање, исламските закони, историјата на исламот. Религијата е обврска и на сите други факултети во Газа. Кон тоа треба да се додадат и молитвите кои редовно се одржуваат.

Islamische Universität Gaza

Исламскиот универзитет во Газа

Официјално едно, во пракса друго

Официјално, меѓутоа, важи слободата на практикување на верата. Хусем Ајеш од Одделението за односи со јавноста ја фали толерантноста.

„Тоа е работа меѓу личноста и нејзиниот создавач, лична работа е дали си религиозен или не, дали се молиш или не.“

Однадвор, исламскиот универзитет е сериозна институција со десет факултети, од медицински преку градежен, елетротехнички, па до Уметничка академија. Со 21 илјада студенти, тој е најброен во појасот Газа. Со добрите оценки по Коран, студентите можат да ги поправат лошите оценки од стручните предмети. И студентката од Педагошката академија Далиа мора да го почитува овој систем:

„Мораме многу да учиме за да добиеме добри оценки по предметите во врска со исламот, а потоа тоа го забораваме и не го пренесуваме во животот.“

Muslimische Architekturstudentinnen

Сите студентки се радосни што можат да ја искажат својата лутина. Тие ја почитуваат формата и носат шамии. Студентка која, на пример, ќе се нашминка, мора да одговара пред неодамна формираниот „Комитет за прашања од моралот“. Но, за појавување пред него, доволно е шамијата на студентката да е проѕирна или некој да ја фатил во разговор со студент од машки пол. Во „Комитетот за морал“ седат шеици и одредуваат казни за ваквите прекршоци. Со доаѓањето на Хамас на власт во Газа, на универзиттеите е воведена „исламистичка диктатура“, иако тоа властите официјално го отфрлаат.

Автор: Себастијан Енгелбрехт / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска