1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шкотска на референдум ќе гласа за независност

Во Шкотска се’ повеќе се зајакнува движење, кое се залага за независност од Обединетото кралство. Шкотите сега ќе смеат да одржат и референдум по ова прашање.

Британскиот премиер Дејвид Камерон и шкотскиот премиер Алекс Салмонд денеска во Единбург постигнаа согласност за рамките на референдумот и потпишаа договор. Според него, владата во Лондон на регионалниот парламент на ограничено време му го предава правото за донесување одлука за одржување на референдум.

На референдумот ќе биде поставено само прашањето за независност, со одговор „да“ или „не“.

И Лондон и Единбург за време на повеќемесечните преговори направија отстапки за да го постигнат договорот во 35 точки кој и‘ овозможува на владата во Вестминстер да му даде овластувања на шкотскиот парламент за организирање на референдумот.

Единбург всушност нема уставни надлежности. Гласањето на референдумот треба да се одржи есента 2014. година. Двете страни договорот го означија како историски. Претстои да се разјаснат голем број детали.

Премиерот Дејвид Камерон кој силно се залага за останување на Шкотска во рамките на Обединетото кралство бараше поскорешно одржување на гласањето. Според анкетите во моментов максимум една третина од Шкотланѓаните би гласале за независност по 300 години унија со Англија.

Шкотска и Англија се обединија во 1707. година и ја формираа Велика Британија, со заеднички монарх, валута и влада во Лондон. Шкотска сега има значајна автономија, вклучувајќи и парламент што заседава во Единбург.