1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Шкотланѓаните објавија конкретни планови за независност

Шкотланѓаните бараат сопствена држава. Како тоа конкретно си го замислуваат, сега претстави шкотскиот „прв министер“. Дали оваа намера ќе има успех, засега стои запишано во ѕвездите.

Шкотските националисти ги претставија своите планови за независност во форма на „бела книга“. На 670 страници шкотскиот премиер Алекс Салмонд денеска (26.11) во Глазгов ги обелодени плановите во јавноста. „Иднината на Шкотска сега лежи во рацете на Шкотска“, рече тој.

Во книгата за првпат се конретизираат плановите за независност во Шкотска. Во неа се содржани предлози за воспоставување на валута, за даночен систем, за згрижување на децата и за благосостојба во државата. Според планот Шкотланѓаните би требало да ја задржат кралицата како врховен водач и ѝ понатаму да ја употребуваат британската фунта како валута. Меѓутоа според нивните претстави повеќе од половината извори на нафта и платформите за црпење нафт во Северното Море би требало да премине на Шкотска - односно 90 проценти. На листата со желби се наоѓа и сопствена армија со 15.000 војници опремена со сопствена тајна служба.

Дали ќе дојде до таму, ќе се знае во септември 2014 година. Тогаш пет милиони Шкотланѓани се повикани на референдум да се изјаснат дали поддржуваат отцепување од Велика Британија. Шкотска од 1707 година ѝ припаѓа на Британската круна, а од 1997 има широка автономија.

Сепаратизам насекаде во Европа

Иако анкетите сугерираат нешто друго - според „Сандеј Тајмс“ неодамна само 38 проценти од испитаниците поддржувале сецесија, шкотската Влада засега е оптимист дека народот на 18. септември 2014 година ќе гласа за отцепување од Обединетото Кралство. Британската влада и опозицијата се стриктно против. Шктоските националисти со „белата книга“ пак очекуваат дека ќе бидат зајакнати нивните аргументи.

Исто така и во други делови на Европа поединечни региони сакаат отцепување од нивната држава - Фландрија во Белгија, Јужен Тирол во Италија и Корзиканците во Франција. Исто така и во Шпанија еден дел од Каталонија сака да се отцепи од Шпанија. Експертите меѓутоа сметаат дека ваквите иницијативи имаат мал успех. Така на пример шефот на шпанската Централна банка денеска прогнозираше за една држава Каталонија, дека веднаш би дошло до банкрот по прогласена независност.