1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Школа за демократијата

Пратеничката од СПД од германскиот Бундестаг Лидија Вестрихт денеска во Скопје ја промовираше петтата генерација македонски практиканти во германскиот парламент во Берлин.

Германскиот Бундестаг

Германскиот Бундестаг

Таму досега биле вкупно 17 политички активни млади луѓе од Македонија,сега заминуваат уште четворица,да го почувствуваат духот на демократијата,параламентарната пракса и пред се животот во Германија.Домаќин на пратеничката Вестрихт беше Лиле Поповска од ДОМ.За македонските стипендијанти рече:

„Сите тие кандидати кои ја поминале обуката во Германија се вратени во Македонија и учествуваат во нејзиниот јавен живот на различни начини“.Но ниту еден од практикантите во Бундестагот не е вработен во Македонскиот парламент .

Ова прашање било отворено и со претседателот на Парламентот,Љубиша Георгиевски.Гостинката од Германија се осврна на историјатот на проектот:Меѓународна пракса во Бундестагот:

„Меѓународниот парламентарен практикум се организира повеќе од 20 години.Почна со Америка и Франција.Денеска кај нас во Германија доаѓаат практиканти од цела Европа,до Кавказ и Казахстан.Секоја година повеќе од 100 млади луѓе се доедуцираат по дипломирањето во својата земја,рече пратеничката од Бундестагот.

Германскиот Бундестаг во соработка со Хумболт универзитетот,Слободниот и Техничкиот универзитет од Берлин овозможува секоја година околу сто политички активни луѓе од 21 европска земја и од САД да го запознаат политичкиот процес и работата на Германскиот парламент.Парламентарната пракса трае пет месеци,освен работа во кабинетот на некој пратеник,праксата вклучува и бројни семинари.Целта е практикантите да се запознаат со германскиот политички систем,економијата,образованието и науката.Александар Спасов вели дека праксата во Бундестагот научил многу:

„Имав чест и јас да учествувам во оваа година,работев во канцеларијата на пратеник на Слободната демократска партија,покрај тоа бев запишан и на Хумболт универзитетот,посетував семинари на политичките фондации во Германија.Оваа програма е извонредно искуство за еден млад човек,бидејќи овозможува целосен увид во политичкиот,односно во парламентарниот живот на Германија. “

Кандидатите кои се заинтересирани за пракса во германскиот Бундестаг можат да добијат повеќе информации на интернер страницата на германскот парламент:www.Bundestag.de