1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ши и Обама на прва средба во Калифорнија

Кинескиот претседател Ши Џинпинг и американскиот претседател Барак Обама се согласија дека треба да работат заедно на решавање на споровите за безбедноста на интернет.

Оваа тема се наметна како иритација во односите меѓу Вашингтон и Пекинг. Но, Обама, зборувајќи по првата од серијата средби со Ши во Калифорнија, рече дека со кинескиот колега е препозната потребата да се воспостави сет на заеднички правила за ова прашање.

Оваа тема е значајна за американската стрaна, откако неодамна беа испратени обвинувања на сметка на Пекинг за хакирање на американски вебстраници.

Обама изјави дека самитот е „суштински“ за постигнување „трајно разбирање“ за безбедноста на интернет. Американскиот претседател изрази загриженост и за кражбата на интелектуалната сопственост, односно изработувањето плагијати во Кина, и побара „заеднички правила“ и во оваа област.

Ши изразил надеж за продлабочена соработка, истакнувајќи дека Кина и САД би можеле да изградат нов модел на односи во „голема земја“.

Дводневниот самит во близина на Палм Спрингс е неформална можност за двајцата лидери да се запознаат и да воведат свеж тон во идниот дијалог меѓу двете најмоќни економски сили на светот.