1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шили презема политичка одговорност за случајот Курназ

Поранешниот германски министер за внатрешни работи Ото Шили презема политичка одговорност за случајот со поранешниот затвореник во Гвантанамо, Мурат Курназ. Шили денеска сведочеше пред парламентарната истражна комисија и изјави дека ја презема одговорноста за сите одлуки донесени за време на неговото министерување. Според него прашањето било во надлежност на министерството за надворешни работи а не кај владата или министерството за надворешни работи. Пред комисијата денеска одговара и актуелниот германски министер за надворешни, Франк Валтер Штајнмаер. Прашањето кое се поставува е дали поранешната црвено зелена владина коалиција вложила доволно напори за да го ослободи Курназ за кој постоеле докази дека е невин уште пред четири години, а беше ослободен лани.