1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шили и Риџ договорија подлабока соработка во борбата против тероризмот

Риџ во Берлин

Риџ во Берлин

Германија и САД ќе ја продлабочат соработката во борбата против меѓународниот тероризам. За ова се договорија денеска министерот за внатрешни работи Ото Шили и американскиот министер за заштита на татковината Том Риџ. Во центарот на идните мерки треба да се најде токму раното откривање на терористичките закани.

Тајните служби на Германија и на САД во иднина ќе го споредуваат профилот на можните терористи за да го зголемат успехот во гонењето и истражната постапка. Соодветните работни групи, кои веќе постојат, ќе се сретнат повторно веќе во октомври. А уште овој месец на аеродромот во Франкфурт на Мајна ќе допатува американска екепсертска делегација, која ќе се запознае со новиот систем на автоматозирана гранична контрола, што се заснова на биометриски податоци како ирисот на окото.

“Согласни сме дека мора да ја искористиме секоја можност за размена на информации и тоа врз основа на законите и Уставот на двете земји. Притоа треба да останат гарантирани приватната сфера и граѓанските слободи“ - порача Том Риџ по разговорите со домаќинот Шили во Берлин.

“Сакам да потсетам дека во големата иследничка група што ја формиравме по атенаттите од 11 септември, вклучивме директно соработници на безбедносните институции на Америка. Подобра соработка од тоа не може ни да има“ - не штедеше зборови на пофалба за заедничката соработка, германскиот министер за внатрешни работи.

Што се однесува до идејата за создавање европска тајна служба, Ото Шили се изјасни негативно:

“Во моментов размислуваме за тоа да ги споиме во Европол оперативните сознанија што ни се битни за работата на полицијата. А што се однесува до анализи на разузнавачките служби нив да ги споиме во центарот во Брисел. И тоа е според мене исправниот начин на размислување, бидејќи станува збор за два различни аспекта!“

Шили и Риџ во Берлин разговраа и за мерките за борба против финансиските извори на терористите, како и за актуелната состојба во Ирак.