1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шили: Германија не е директно загрозена

Вчерашните атентатити во Истанбул се наметнаа и на редовната есенска конференција на министрите за внатрешни работи од германските покраини со сојузниот министер, Ото Шили, што вчера почна во градот Јена. Шили при тоа им вети на труските колеги полна поддршка и помош во истрагата, но истовремемно нагласи дека не глада причина за вонредни мерки на безбедност во Германија. За оваа, како и за другите теми што доминираат на конференцијата што продолжува денеска, од следниот извештај.

"Ова се најбруталните атентати во последно време и она што таму се случи уште еднаш ја подвлекува нужноста од преземање секакви можни мерки во борбата против тероризмот" - изјави германскиот министер за внатрешни работи Ото Шили во првата реакција на нападите во Истанбул.

Шили и' вети сесрдна помош на Турција во истрагата, како и во акциите за спречување натамошни атентати. Што се однесува до Германија, пак, министерот за внатрешни работи оцени:

"Ние сме дел од општиот простор на загрозени земји. Но, немаме никакви посебни сознанија, што би се однесувале на подготовки за напади во Германија. Ова е меѓутоа исто така потврда дека одделни објекти се во зголемена опасност, како на пример еврејски установи, израелски претставништва во странство, исто како и британски."

На актуелната безбедносна состојба по нападите во Истанбул ќе и' биде посветен поголем простор и на денешното продолжение на средбата во Јена. Меѓу другите теми, пак, што се најдоа на дневниот ред на средбата, беа и борбата против трговијата со наркотици, воведувањето на дигитална радио врска за полицијата, како и забрзаното враќање на бегалците. Околу последната тема имаше и вчера различни мислења. Така министерот за внатрешни работи на покраината Тирингија, Андреас Траутфетер изјави дека враќањето на лицата кои побегнале под притисок на воена закана може да се разгледува дури откако состојбата во нивната татковина навистина ќе се стаблизира. Од друга страна, неговиот ресорен колега од Хамбург, Дирк Нокеман, најави дека има намера следната година да врати 500 Авганистанци во татковината. Против ваквите планови и воопшто праксата на враќање на бегалците, вчера во Јена протестираа повеќе граѓански иницијативи од цела Германија. Тие бараат прекин на враќањето на бегалците од Ирак, Авганистан, Чеченија и Косово, како и видливо подобрување на нивната положба во Германија.